Кејт Мидлтон пристигна на јорданската кралска венчавка во гала, традиционален арапски стил: Го носи НАЈРОМАНТИЧНИОТ ФУСТАН од 1001 НОЌ и едноставно блеска

Јордан славеше вчера, а поводот беше раскошната, спектакуларна венчавка на престолонаследникот Хусеин. Многумина овој настан го окарактеризираа како свадба на деценијата во арапскиот свет.

Венчавката се одржа во палатата Захран во Аман, во која присуствуваа околу 1.700 гости од целиот свет, меѓу кои и многубројни кралски семејства.

Очекувано, на венчавката пристигнаа и принцот и принцезата од Велс, иако нивното доаѓање не беше потврдено.

Инаку, Кејт Мидлтон има убави спомени од Јордан, бидејќи во детството живеела во оваа земја две години.

Принцот Вилијам за оваа свечена пригода избра класичен тегет костум, кој го надополни со бела кошула и светлосина вратоврска, додека неговата сопруга одлучи да побара инспирација во арапската мода и култура.

Таа избра креација потпишана од либанскиот дизајнер Ели Саб, кој е познат како магионичар на високата мода. Станува збор за прекрасен, долг фустан во пудра-розова боја, со лелеаво долен дел од долг шифон, додека горниот дел е украсен со рол-јака и ефективен, романтичен вез.

Погледнете:

А на церемонијата на венчавањето, Кејт и Вилијам изгледаа вака:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.