Не смеете да ја игнорирате оваа промена на телото: Тоа може да биде најраниот знак дека ракот на бели дробови го разорува вашиот организам!

Совет на експерти

Многумина го занемаруваат овој сигнал, а раното откривање на оваа опасна болест е од пресудно значење

Последниве неколку години забележан е пораст на бројот на заболени од рак на бели дробови.

Многумина ги занемаруваат првите симптоми, но тие можат да помогнат во лекувањето. Истражувањето што го спровело здружението Cancer Research од Велика Британија покажало дека како прв и најран симптом се јавува оток на лицето или вратот.

Докторот Марк Хајмен, што го спровел ова истражување, го објаснува тоа вака: вените пренесуваат крв до срцето. Ако почне да се развива рак, тоа може да го блокира протокот на крвта по должината на овие вени, што предизвикува отеченост.

Многумина често ја помешуваат оваа промена на лицето со алергија. Доколку отокот не се повлекува со денови, задолжително одете на доктор.

Докторот додал:

„Можеби ќе добиете стероиди за да го намалите отокот. Лекувањето ќе зависи од вашата ситуација, но раната дијагноза е најважна и во тој случај, излекувањето е поизвесно“.

Обрнете внимание додека е време: 8 симптоми на рак на бели дробови што може да се јават и кај непушачи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.