Најдобриот полнеж за сарма: Нема ни грам месо, а вкусот е неверојатен!

Феноменално

Уживајте во феноменалниот спој на вкусови, нетипичен за сарма

Состојки:
  • 3 компира
  • 1 помала главица кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 2 јајца (исфрлете ги ако постите)
  • 1 грст ориз
  • неколку резанки сланина (исфрлете ги ако постите)
  • 1 главица кисела зелка
  • 1 лажиче црвена пиперка
  • прстофат бибер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче зачини

За запршката:

  • 1 лажица маст (масло, ако постите)
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажиче мелена црвена пиперка
Приготвување:

Исчистете ги кромидот и лукот, а потоа и компирот. Изрендајте компир и лук, а кромидот исечкајте го. Ситно исечкајте ја сланината. Додајте бибер, мелена црвена пиперка, сол и зачини, па сето тоа добро измешајте го.

Одвојте ги листовите од киселата зелка, отсечете ги темните дамки од секој лист, почнете да ги полните со приготвената смеса и виткајте ги. Наполнете го садот со сарма, на врвот ставете еден лист зелка, па сето тоа заедно прелејте го со вода. Поклопете ја сармата со помала чинија и со капак, па оставете ја да се готви.

При крај, додајте ја запршката од маст, брашно и црвена мелена пиперка. Уживајте!

Вкусен ручек за појак имунитет: Изненадете ги домашните со сарма со зобни снегулки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.