Направете сами: Природни лекови против ПРОЛЕТНИТЕ АЛЕРГИИ

Руски доктор

Лекувањето со билки се спроведува само во случај на добра подносливост и затоа е подобро да не користите мешавини со повеќе компоненти, туку да ги изберете оние билки што ви одговараат

Пролетното будење на природата не ги прави среќни сите луѓе. Лекарите тврдат дека секоја петта личност на планетата е алергична на некаков полен. Оваа алергија е придружена со алергиски ринитис, конјунктивитис, кашлица, главоболки, дерматитис и општа слабост. Тоа предизвикува голема непријатност, а најмногу страдаат децата. Тие се чешаат, па дерматитисот може да биде придружен и со бактериска инфекција.

Особено е важно луѓето што се склони на алергии во овој период да одржуваат хипоалергенска диета, да ги почитуваат дневниот распоред и одмор, како и правилата за хигиена, за да се намали товарот на алергени врз телото. Заедно со ова, лековитите билки ќе им обезбедат забележителна помош.

Билките манифестираат антихистаминско (против алергии), антибактериско и антиинфламаторно дејство и го продолжуваат периодот на ремисија. Тие ги исфрлаат токсините, ја зајакнуваат одбранбената сила на организмот, ја подобруваат работата на гастроинтестиналниот тракт и црниот дроб и состојбата на кожата, ги елиминираат чешањето и отоците. Лекувањето со билки се спроведува само во случај на добра подносливост и затоа е подобро да не користите мешавини со повеќе компоненти, туку да ги изберете оние билки што ви одговараат…

Бутрак

Излегува накрај со различни кожни проблеми и може да се користи дури и за бањање доенчиња.

  • Одвар за бањање: три лажици бутрак (лат. Bidens) сварете во литар врела вода, оставете го да отстои еден час, исцедете го и додајте го во бањата за бањање на детето. Процедурата трае 15 минути. Добро помага против јадеж, копривњача, иритација.
  • Чај: едно лажиче бутрак прелејте со 200 мл врела вода, оставете го да отстои 15 минути, па исцедете го. Пијте два-три пати дневно. Овој чај е ефикасен во случај на различни кожни исипи: од копривњача до невродерматитис, а добар е и против полиноза (алергија на полен).
Мала пашка

Помага за лекување егзема и во случај на јадеж.

  • Една лажица сува пашка (лат. Lemna minor) прелејте со 200 мл врела вода во термос. Оставете да отстои 30 минути, па исцедете. На секои два часа со тоа тријте ги проблематичните места, додека исчезнат симптомите.
Удика (калина)

Ја подобрува состојбата на кожата погодена со алергија, отстранува јадеж и воспаление, ја забрзува регенерацијата на ткивата.

  • Одвар: по 50 г суви бобинки и корен од калина (лат. Viburnum opulus) прелејте со литар вода, оставете да зоврие, па варете на тивок оган 15 минути. Оставете го само да се олади и процедете го. Одварот додајте го во бањата или користете го за плакнење по туширање.
  • Чај: издробете млади фиданки од удика, па две лажици од суровината прелејте со 500 мл вода. Откако ќе зоврие, варете го 20 минути, а потоа процедете го. Пијте по 50 мл од два до четири пати дневно, пред јадење.

А. Кремнева, треварка

СОВЕТИ ОД НАТУРОПАТ

Аптека секогаш при рака

1. За превенција од кожен алергиски дерматитис, ринитис и воспаление на слузокожата на горните дишни патишта, на прво место треба да се стави машкиот тегавец (лат. Plantago lanceolata). Се користи само неговиот сок, со кој се мачкаат носот, слепоочниците и челото.

2. На второто место е нашироко познатото алое. Пожелно е билката да ја примените веднаш штом ќе се појават знаци на алергиска реакција. Притоа листовите на билката се тријат помеѓу прстите и веднаш се втриваат во воспалената кожа што чеша или со овој сок се мачка носот однадвор и задолжително однатре.

Истите овие билки ќе ви ја олеснат состојбата во случај на алергија од каснување од комарец и други инсекти.

При ринитис, се препорачува да капнувате по пет-шест капки сок од овие билки во носот, а во случај на воспаление на слузокожата на грлото и гркланот, треба да џвакате и шмукате листови на тегавец и алое. Кај луѓето со бронхијална астма се прават инхалации со овие сокови или сокот едноставно се инјектира во белите дробови со помош на распрснувач. Во таква ситуација, треба да направите 30-45 вдишувања.

3. Ќе одговара и каланхоја, помладата „сестра“ на алоето, која манифестира силно антиинфламаторно и антиалергиско дејство.

4. Во случај на алергија на храна, помага одвар од цветови и ливчиња од ајдучка трева. Една лажица од суровината се става на чаша врела вода, се остава тоа да отстои на пареа 20 минути, се лади и се зема во три дози. Во одварот можете да додадете и нане, а доколку немате, тогаш две лажици маточина по чаша. Целерот е исто така ефикасен. Треба да се користи почесто во исхраната, како и листовите и стеблата, како и коренот и кртолите.

В. Дубин, натуропат

Повеќе вакви совети побарајте во најновиот број на магазинот „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.