Лекар открива како правилно се користи маската: Ова никако не смеете да го правите!

Важно!

Маските содржат заштитни обвивки и материјали што го намалуваат ризикот да вдишите патоген

Маските се заштита од коронавирусот, на првенствено за луѓето што се веќе заразени со КОВИД-19, за да не го шират на другите.

„Мора да бидат стерилни и стерилизирани пред да ги ставите на лице“, објаснуваат докторите.

Тие нагласуваат дека правилното користење подразбира да ја смените маската при секое излегување и влегување во некој простор, а пред воопшто да ја допрете, би требало да ги извадите ракавиците, да ги фрлите во ѓубре и да ги измиете рацете. Дури потоа, внимателно извадете ја маската и фрлете ја во корпа за отпадоци.

„Маската никако не би требало да ја користите повеќе пати, бидејќи евентуалните патогени се задржуваат во неа, а ако ја допирате со ракавиците со кои ги допирате разните површини, тоа е исто како да ја допирате со нечисти прсти. Маската треба да ја фрлите веднаш штом дојде во контакт со зараза. Памучните маски може да се извријат и испеглаат, но тие не се целосна заштита“, предупредуваат докторите и додаваат:

„Маската се користи индивидуално. Ако земете туѓа маска и ја ставите на лице, тоа е исто како да сте ставиле нечија долна облека. Имено, доколку тој човек е заразен не само со корона, туку и со грип или некоја друга инфекција, патогенот ќе се задржи на маската која вие ќе ја ставите на лице. Тоа е сигурен пат до зараза и со тоа го загрозувате вашето здравје. Никако не би требало да користите туѓи маски“, заклучуваат докторите.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време