Пазарење за време на епидемија на коронавирус: 8 мерки на заштита кои ќе ја држат заразата подалеку од вас!

Внимавајте!

Откриваме како треба да ги миете намирниците и дали треба да ги дезинфицирате сите амбалажи

Се’ уште постојат бројни прашања во врска со купувањето намирници за време на пандемија на коронавирус.

Прочитајте ги одговорите на експертите на најчесто поставуваните прашања поврзани со пазарењето и за тоа што е безбедно, а што не.

1. Дали е безбедно да се оди во продавница?

Повеќето од нас се дома и го имаат намалено социјалниот контакт за да го сопрат ширењето на вирусот, па колку е безбедно да се оди во продавница? Најважно е да не се дојде во контакт со заразена личност и токму затоа служат мерките за социјално дистанцирање и заштита. Внимавајте на оддалеченоста и по можност носете маска и ракавици. Пред некои продавници на влезовите има средства за дезинфекција со кои треба да ги исчистите рацете. Задолжително измијте ги рацете кога ќе се вратите дома и откако ќе ги распакувате намирниците. Во меѓувреме, не го допирајте лицето со раце.

2. Смее ли да се нарачува достава?

Намирниците не се ризични, ризичен е контактот со продавачот/доставувачот. Денес повеќето доставувачи нудат бесконтактна достава, па искористете го тоа.

3. Треба ли да се чистат лименките, кесите и другата амбалажа по враќањето дома?

Врз основа на тоа што се знае денес, не е задолжително, изјавил Бен Чапмен, доктор и професор за сигурност на храна. Но ако се чувствувате посигурни поради тоа, секако дека можете да дезинфицирате се’ што ќе внесете дома. Она што се смета за задолжително е миењето раце откако сте ги допирале намирниците, бидејќи тоа е најсигурниот начин на спречување на ширењето на вирусот. Измијте ги рацете кога ќе земете печурки на пример. Измијте ги рацете откако ќе ги измиете нив и пред да допрете други намирници. И тоа постојано повторувајте го.

4. Што е со свежите намирници?

За сега не постојат докази дека вирусот се шири преку површините на таквите намирници, но сепак, постои податок дека тој може да живее на нив, според истражувањата што се занимаваат со респираторни вируси. Чапмен нагласува дека шансите за контакт со вирусот на овој начин се многу мали, но секако дека треба добро да ги измиете свежите намирници, а потоа добро да ги измиете рацете.

5. Како да ги миете свежите намирници?

Мијте ги под млаз ладна вода, вели Аманда Диринг, специјалист за храна:

„Гледам многу упатства да се мијат со сапун и вода, бидејќи така се мијат и рацете, но препораката е да се користи четка за миење зеленчук и овошје кои имаат потврда површина, и тоа само со вода. Но не заборавајте, таа четка добро да ја измиете со сапун по секое користење.“

6. Дали готвењето ќе го убие вирусот?

Според препораките, доволно е да се готви на температура од околу 65 степени за да се убијат вирусите. Сепак, добро е претходно да ги измиете намирниците.

7. Дали замрзнувањето на намирниците ќе го убие вирусот?

Замрзнувањето свежи намирници за да се уништи вирус не е најдобар метод, особено ако се земе предвид фактот дека вирусот се замрзнува во лабораторија за да се сочува, нагласува Чапмен. Но ако ја замрзнувате храната, веројатно ја чистите и готвите, а тоа се два сигурни начини на заштита.

8. Што ако спаѓате во ризична група, дали треба да купувате производи кои се претходно спакувани?

„Потрошувачите со загрозен имунитет, би требало да размислат дали да купуваат спакувани овошја и зеленчук, повеќе да внимаваат и да ги готват намирниците пред консумација“, истакнува Диринг.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.