Крвниот притисок паѓа за време на горештините: Еве што им се советува на луѓето со кардиоваскуларни болести!

Совети од доктори

Познато е дека луѓето кои имаат низок крвен притисок тешко го поднесуваат летото. Жештините влијаат врз тоа притисокот уште повеќе да се спушти, па симптомите на хипотензија, како млитавост, умор и недостиг од енергија дополнително се засилуваат

Зошто е тоа така и што можеме да направиме за да го вратиме притисокот во нормала, одговараат експертите.

„Во летниот период, под влијание на високите температури, снижувањето на крвниот притисок е нормално и очекувано, како кај здравите така и кај луѓето што имаат висок крвен притисок. На лицата со кардиоваскуларни болести тогаш им се препорачува да внесуваат повеќе течности и да ја коригираат терапија во договор со лекар. Повеќето пациенти налето треба да земаат помала доза лекови за висок притисок од дозата во зима“, откриваат докторите.

Како прва помош во вакви ситуации се советува промена на начинот на живот, земање многу течности, помалку сол во исхраната, зголемена физичка активност, одбегнување нагло станување од кревет, а понекогаш и одредена терапија со препорака на лекар.

Хранете се здраво

Една од можните причини за хипотензија е несоодветната исхрана – прескокнувањето на појадокот, брзиот начин на живот и недоволното внесување течности.

Одбегнувајте алкохол

Одбегнувајте алкохол, бидејќи дополнително го снижува притисокот. Алкохолот го поттикнува исфрлањето течности од организмот.

Шетајте и пливајте

Најдобрата стратегија во борбата против нискиот притисок би изгледала вака: едночасовна прошетка секој ден, качување по скали (ги зацврстува вените во нозете), што почесто пливање.

Рационално користете го клима-уредот

Внимавајте разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура во станот да не биде поголема од шест степени и постепено да се менува ако подолго време поминувате во климатизирана просторија.

Болест или сепак не?

Лекарите имаат спротивставени мислења во врска со тоа дали нискиот крвен притисок, односно хипотензијата, е воопшто болест.

„Едни сметаат дека не остава последици по здравјето, а други дека потребно е лекување и контрола. Сепак, сигурно е тоа дека секој симптом на низок притисок не е особено сериозен самиот по себе, но сите заедно можат многу да го нарушат нормалното функционирање и да го намалат квалитетот на живот“, велат експертите.

Кога притисокот е низок?

За низок притисок зборуваме кога вредностите се пониски од 100/60 ммХг измерени повеќепати во болнички услови со постоечки симптоми и отсуство на други болести.

Жените почесто боледуваат од низок притисок

Истражувањата покажуваат дека од низок притисок најмногу страдаат жените помеѓу 30 и 40 години, особено оние што се занимаваат со интелектуална работа.

Кардиолог предупредува: Оваа висина на долниот притисок е знак дека ви се заканува срцев удар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.