Кајсиите се спас за црниот дроб и високиот холестерол: Но ако спаѓате во оваа група, воопшто не смеете да ги јадете!

Внимавајте

Еве во кој случај можат да направат поголема штета одошто корист

Кајсиите содржат голема количина на антиоксиданси кои се клучни за зајакнување на имунитетот и за намалување на оксидативниот стрес – сето тоа влијае врз способноста на организмот подобро да се штити од инфекции, воспаленија, но и посериозни болести.

Исклучително се хранливи, а покрај тоа што го подобруваат варењето, многу се корисни за нашите очи.

Содржат голема количина на витамини и минерали, а притоа содржат малку калории. Во две свежи кајсии (70 г) има: многу малку калории (само 34), 8 г јалгехидрати, 1 г протеини, многу малку маснотии, 4 отсто калиум, малку влакна, но и витамини А, Ц и Е.

Освен тоа, содржат и бета каротен, лутеин, зеаксантин, моќни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес.

Исто така, не е занемарлива ниту количината на влакна во кајсиите, кои погодно дејствуваат на цревата и на целиот систем за варење.

Најдобро е да ги јадете цели и неизлупени, но пред тоа треба добро да ги измиете. Нутриционистите препорачуваат што почесто да ги вклучувате на вашата трпеза, но тука постои и исклучок.

Внимавајте – кајсиите содржат многу калиум

Кајсиите се богати со калиум, минерал кој исто така служи како електролис. Во вашето тело, тој е одговорен за испраќање нервни сигнали и за регулирање на мускулните контракции, како и на рамнотежата на течноста. Две кајсии од 70 г обезбедуваат 181 мг од овој минерал, што е 4 отсто од дневните потреби. Со оглед на тоа што калиумот е во блиска соработка со натриумот при одржувањето рамнотежа на течностите, соодветната количина може да го спречи дуењето и да го одржи здравиот крвен притисок.

Едно истражување открило дека исхраната богата со калиум значително го намалува крвниот притисок и резултира со 24 отсто помал ризик од мозочен удар. Меѓутоа, важно е да се напомене дека луѓето кои имаат кардиоваскуларни или бубрежни проблеми не треба да внесуваат премногу од ова овошје, а најдобро би било потполно да го одбегнуваат. Особено ако се на редовна терапија.

Што се случува со организмот кога јадете кајсии?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.