Кардиолог предупредува: Оваа висина на долниот притисок е знак дека ви се заканува срцев удар!

Обрнете внимание

Во најголем број случаи, кога ќе станеме или се исправиме и го измериме притисокот со апарат, горниот притисок ќе падне малку. Но ако долниот притисок добие повисока вредност, тоа значи дека ви се заканува срцев удар

Покачениот крвен притисок во одредени положби може да биде сигнал дека ви се заканува срцев удар, предупредуваат експертите.

Ако веќе страдате од висок притисок, веројатно го мерите овој параметар на здравјето на крвните садови секој ден, а сега експертите предупредуваат дека тоа особено би требало да го правите кога ќе станете од седечка или лежечка положба.

Луѓето на кои притисокот им „скокнува“ кога ќе се исправат или ќе станат се изложени на ризик од срцев удар. Ова особено се однесува на помлади и средовечни пациенти.

Значајниот пораст на вредноста на крвниот притисок при станување може да биде знак дека сте изложени на поголем ризик од сериозни кардиоваскуларни состојби, како што е срцев удар. Во најголем број случаи, кога ќе станеме или ќе се исправиме и ќе го измериме притисокот со апарат, горниот притисок малку ќе опадне. Но ако долниот притисок добие повисока вредност, тоа значи дека ви се заканува срцев удар.

Во истражувањето што било спроведено учествувале 1.207 пациенти на возраст од 18 до 45 години, на кои им бил потврден висок притисок во прв стадиум, каде што горниот е во вредност од 140 до 159, а долниот од 90 до 100. Истражувањето утврдило дека оние на кои долниот притисок им бил највисок кога ќе станат, биле изложени на двојно поголем ризик од сериозен срцев проблем, во споредба со остатокот од групата.

„Ова откритие го потврдува нашиот првичен сомнеж, дека покачениот притисок при станувањето кај младите е важен за поставување дијагноза. Бевме изненадени од тоа дека дури и сосема малиот скок на притисокот може да биде индикатор за опасност. Се надеваме дека ова откритие ќе го покрене прашањето за терапија за пациенти со висок притисок, дури и ако се млади“, рекол доктор Паоло Палатини од Универзитетот во Падова.

Едноставен тест што предвидува кобен срцев удар во наредните 3 години: Ова може да ви го спаси животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.