Еве зошто мажите почесто се разболуваат и побрзо умираат: Обрнете внимание!

Совет!

Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од половина од мажите бараат лекарска помош само под притисок на сопружниците и роднините или кога состојбата нагло ќе се влоши

Авторите на ова истражување ги советуваат мажите овие информации да ги сфатат без скептицизам и да обрнат внимание на статистиката:

  • Коронарна болест на срцето е три пати почеста кај мажите.
  • Во секоја возрасна група има повеќе машки самоубиства одошто женски самоубиства.
  • Убиствата и самоубиствата се меѓу трите главни причини за смрт помеѓу мажите од 15 до 34 години.
  • Има два пати повеќе жени од мажи на возраст од 85 години.
  • Кога станува збор за коронавирусот, според најновите податоци, повеќе ги погодува мажите отколку жените.
Зошто мажите умираат први?

Психолошки фактор: Смртноста меѓу мажите е поголема, бидејќи мажите се помалку издржливи и се поранливи. За разлика од жените кои водат жестока борба со болестите и се повнимателни кон своето здравје од мажите.

Мажите ги занемаруваат советите на лекарите со надеж дека се’ ќе помине само од себе.

Навики: Уште од рано детство на момчињата им се вели: „биди храбар, не покажувај дека те боли, биди маж“… Поради тоа, мажите трпат болка и ретко бараат лекарска помош.

Марија Легато, докторка и истражувач, наведува неколку фактори што можат да им помогнат на мажите да го сочуваат својот живот:

1. Секогаш бидете искрени со лекарите. Не занемарувајте ниту еден здравствен проблем, не бидете храбри и јасно кажете што ве боли. Тоа не е срамота. Не сте ранливи ако признаете дека нешто ве боли.

2. Проверете го нивото на тестостерон. По триесеттата година, нивото на тестостерон опаѓа, што предизвикува намалена меморија, недостиг на сила и физичка издржливост.

3. Грижете се за имунитетот: јадете здраво, спијте добро, намалете го стресот…

4. Ако сте депресивни, не бидете сами со својата тага. Побарајте помош.

Мажите се генетски поранливи од жените. Женскиот хормон естроген им дава на жените дополнително ниво на заштита што мажите не го поседуваат. Поради тоа, мора да ги контролираат знаците на коронарна болест на срцето од 35-тата година. Ако постои семејна историја на болеста, мора да се посоветувате со лекар и да ги преземете сите неопходни мерки на претпазливост.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.