Реакција до Министерството за информатичко општество и администрација: „Онлајн-медиумите во државата немаат ист третман со другите медиуми“

Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг.

По повод новите мерки против пандемијата на КОВИД-19 на Владата, со кои се воведе и полициски час, а воедно се донесе и одлука Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да издава дозволи за движење за новинари, IAB Македонија реагира дека согласно одлуката на МИОА постои нееднаков и нефер третман на онлајн-медиумите.

IAB Македонија, асоцијација што ги обединува водечките онлајн-медиуми, маркетинг-агенции и огласувачи во земјава, реагира на одлуката на Министерството за информатичко општество и администрација – МИОА, со која нееднакво се третираат онлајн-медиумите во државата и пристапот во извршување на својата функција за информирање им ја дава на само една група медиуми. Претходно, за оваа одлука на МИОА со која нееднакво се третираат онлајн-медиумите, реагираа и АВМУ, МАН и ЗНМ“, велат од IAB.

Во реакцијата со која ИАБ Македонија се обрати до МИОА се вели и дека „Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлaјн-медиуми и не ги содржи сите онлајн-медиуми во РС Македонија” и согласно на тој факт, не треба да представува единствен регистар на медиуми.

Сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија, чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк: https://www.iab.mk/etichki-kodeks/. – дополнуваат од IAB.

Дополнително, постојат и регистрирани онлајн-медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн-медиум согласно важечките закони. Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата одлука и да се овозможи доделување на дозволи за сите онлајн-медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум“.

Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг. Основана е 1996 во Њујорк а во моментов има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална IAB канцеларија, во Европа.

Како дел од оваа организациска мрежа, во 2012-та година, поголем број на маркетинг-агенции, медиуми и компании во Македонија го формираа локалниот огранок – IAB Македонија со единствена цела за развој на дигиталниот и интерактивниот маркетинг во земјата. Денеска, во здружението членуваат повеќе од 40-тина реномирани агенции и едни од водечките онлајн-портали и огласувачи во земјата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.