Дали се прејадувате за време на празниците? Поради оваа грешка додека пиете вода, варењето е отежнато и доаѓа до дебелеење!

Еве како да ја одбегнете!

Познат гастроентеролог открива како водата ни го отежнува варењето

Проблемите како последица од потешката исхрана за време на празниците се многу чести. Но дали знаете постои голема веројатност да грешите и кога пиете вода, поради што имате проблеми со варењето и вишокот килограми?

Па како да го одбегнеме прејадувањето и да им одолееме на сите специјалитети за да не го преоптовариме стомакот?

„Храната му треба на човекот за егзистенција, но празниците значат богата трпеза, тоа е повод за уживање со семејството и со пријателите. Но мора да внимаваме на мерката, тоа е основата на сѐ. Овие три работи се клучни: пијалаците, изборот и количината на намирниците“, вели познат гастроентеролог и додава:

„Мора да бидеме внимателни во изборот. Пијте еден до два пијалака, алкохолот го зголемува апетитот и има калориска вредност, а тоа значи дека ќе јадеме повеќе. Аперитивот треба да биде исклучиво еден за жените, дури и помалку од еден цел, а треба да се пие што повеќе вода.“

Како што вели, правилно е да се испие вода пред оброкот.

„Желудникот тогаш се полни малку и апетитот е помал, така е најздраво да се пие вода. Треба да се внесат шест до осум чаши вода дневно, а најдобро е пред оброк. Течноста го исполнува желудникот, па затоа прво се јаде супа кога оброкот е поголем, за да го олесни варењето“, открива тој.

Зошто токму пред оброк?

„Ако пиете вода за време или по оброкот, ќе внесете количина на храна што не ви е потребна. Со сигурност ќе го забавите варењето“, вели тој.

Голема грешка: седење со часови на маса!

Докторите велат дека празниците прават проблем и поради повеќечасовното седење со муабет, пиење и храна. Тоа навистина е составен дел од славењето, но не му годи на желудникот.

„Може да се направи план кој ќе постои од почеток. Послужете многу зеленчук, внимавајте колку време седите на маса, не треба да седите со часови. Не треба да јадете набрзина, тоа е празник и свечена пригода, но мора да имате однос кон оброкот. Кога ќе се наредат празници, тие невообичаено долго траат и сето тоа е тешко за стомакот“, вели гастроентерологот.

Храна што го разорува желудникот: Никако немојте да ги јадете овие намирници пред спиење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.