Храна што го разорува желудникот: Никако немојте да ги јадете овие намирници пред спиење!

Совет на експерти

Фото: Unsplash

Одредени намирници можат да го преоптоварат желудникот, да предизвикаат болки и да го нарушат сонот, па затоа одбегнувајте ги во доцните вечерни часови

Првото правило кон кое би требало да се придржуваме кога ќе огладнеме доцна навечер е да не јадеме премногу.

Во вечерните часови организмот бара полесна храна, а ако изедете нешто потешко, тоа ќе биде лошо за вашиот желудник. Ќе го оптовари, ќе му треба многу време да ја свари храната, може да се јават болки, а истовремено ќе го наруши и сонот.

Желудникот на просечен човек троши 3 часа за целосно да ја преработи храната и за таа да стигне до цревата, па јасно е дека доцните оброци се лоша идеја. Најдобро е да се одбегнува оваа храна…

Масна храна

Заборавете на сладолед, колачиња, хамбургери и сите намирници со голема количина на штетни маснотии, бидејќи тие дејствуваат на желудникот исто како алкохолот. За да ги свариме мастите од храната, потребно е повеќе време. Добро е да јадете масти во умерени количини доколку сакате да бидете сити помеѓу оброците, но одбегнувајте ја оваа храна пред спиење, бидејќи ќе предизвикаат чувство на тежина во стомакот, а неретко и болки.

Млекото, јогуртот, авокадото, јаткастите плодови, сладоледот и путерот треба да ги одбегнувате. Помеѓу најштетните намирници, секако, е и полномасното сирење.

Чоколадо

Покрај голема количина на маснотии, содржи и кофеин кој се наоѓа во какао-путерот, но и теобромин, кој поттикнува желудочен рефлукс.

Кисели намирници

Околу 10% од младите луѓе страдаат од рефлукс, а многумина не знаат дека причината би можела да биде киселата храна што ја јадат навечер. Вообичаениот симптом е жарење во задниот дел од грлото или во градите. Проблемот е во тоа што содржината во желудникот по малку се враќа во грлото, што во лежечка положба значително се влошува. Причината може да биде и зачинетата и пржена храна, како и сите оброци што се базираат на сок од домати, кои се многу кисели, па треба да ги тргнете од листата на оние што се дозволени пред спиење.

Јаткасти плодови

Без разлика дали се заситени или незаситени, за желудникот маснотиите секогаш се лоши во вечерните часови. Без разлика што јаткастото овошје генерално е полно со добри маснотии, треба да го одбегнувате пред спиење. Најлошо ќе ви влијаат оревите, кикириките и индиските оревчиња, а за желудникот најлесни се бадемите и ф’стаците.

Исфрлете ги овие намирници од исхраната: За еден месец брчките на лицето драстично ќе ви се намалат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.