Кралицата Летиција во стилот на Кејт Мидлтон: Невозможно е да ѝ се најде маана на оваа комбинација!

Совршена!

Оваа модна комбинација била полн погодок

Кралицата Летиција отпатувала во Валенсија за да присуствува на доделувањето на престижните награди Rei Jaume I.

Оваа награда е основана во 1989 година и им се доделува на научници кои постигнале успех во своето истражувачко подрачје.

Моментално постојат шест различни категории, а на добитниците им се врачува златен медал и парична награда од 100.000 евра, со обврска дел од тие пари да ги реинвестираат во истражувања.

Сосема очекувано, Летиција пристигнала на доделувањето во многу елегантно издание.

 

Облекла комплет од дизајнерката Каролина Херера, кој веќе го носела за многу пригоди, но кој повеќе потсетува на модните комбинации на војвотката Кејт Мидлтон отколку на храбрите фустани на кои сме навикнати кога станува збор за шпанската кралица.

Сивиот фустан и капут со виолетова постава од старата колекција за есен 2016 година, кралицата ги искомбинирала со класични сиви салонки и повторно ги воодушевила модните критичари и јавноста со својот префинет стил на облекување.

Овој стајлинг никогаш нема да излезе од мода: Кралицата Летиција објаснила како треба да изгледа добро стилизираната жена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.