Со години се обидува да докаже дека е син на принц Чарлс и Камила: „Палатата не ме сакаше, роден сум во тајност и потоа напуштен!“

Проценете сами дали е вистина!

Овој човек е убеден дека е отфрлениот син на кралската двојка, а сега многумина и му поверуваа

Сајмон Дорант-Деј објаснил дека баба му, мајката на жената што го посвоила, му кажала дека негови вистински родители се принцот Чарлс и Камила. Таа работела во Бакингемската палата и смета дека нејзиниот внук ја заслужува вистината.

Сајмон Дорант-Деј (55) со години тврди дека принцот Чарлс (72) и Камила Паркер-Боулс (73) му се родители, а пред неколку дена објавил фотографија која многумина ги уверила дека тоа е вистина.

Имено, Сајмон споделил слика од неговиот син Лиам и кралицата Елизабета Втора во своите 20-ти години.

Многумина се согласија дека синот на Сајмон многу личи на Елизабета.

„Да, ја гледам сличноста. И со семејството на принцот Филип и со остатокот од кралското семејство.“

„Мислам дека личите на Филип. Убаво би било кога луѓето би го виделе ова, би биле на твоја страна.“

„Има премногу сличности помеѓу тебе, твоите деца и другите за тоа да биде само чиста случајност или теорија на заговор.“

„Ова е луда сличност“, коментирале следбениците на фотографијата.

Инаку, Сајмон живее во Квинсленд со своето семејство, а роден е во април 1966 година во Портсмаут. Го посвоило семејство од околината на тој град, кое е поврзано со кралицата Елизабета.

Ако Чарлс и Камила се негови вистински родители, тогаш тие го добиле како тинејџери. Двојката никогаш не ги коментирала неговите наводи, како ни остатокот од кралското семејство, но Дорант-Деј не се откажува од докажувањето на вистината.

Тврди дека луѓе често го сопираат на улица и му велат дека личи на принцот Филип и открил дека му паднало тешко што починал неодамна. Сајмон истакнува дека Камила исчезнала девет месеца од јавноста пред неговото раѓање, а во тајност се грижела за него до неговиот осми месец.

И покрај неговите тврдења, Дорант-Деј не им е лут на наводните родители и повремено ја брани Камила, која јавноста често ја напаѓа откако се дозна дека му била љубовница на Чарлс уште додека тој бил во брак со покојната принцеза Дајана. Вели дека мајка му преживеала сешто во животот и ја нарекува ангел на земјата.

Најискреното интервју на принцезата Дајана за Камила Паркер: „Во нашиот брак отсекогаш бевме тројца!“ (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.