Брза помош со масажа

Со стручните совети што ни ги дава докторот за итни случаи Дмитриј Макунин, научете како да си помогнете себеси и на другите во болни и непријатни состојби.

БЕСОЗНАНИЕ

Со дланките енергично тријте ги ушите на болниот додека не зацрвенат или неколкупати силно притиснете ги ушните школки. Човекот ќе се освести многу брзо. Сепак, општата слабост, гадењето и чувството на тежина во главата може да се задржат неколку часа.

ХИПЕРТЕНЗИЈА

Фатете ги ушните школки и енергично влечете ги надолу 20 пати. Потоа повлечете го горниот дел од ушите нагоре исто така 20 пати. Потоа тријте ги ушите со прстите во насока на стрелките на часовникот и обратно. На крајот, со прстите цврсто притиснете го врвот на ушните школки.

Фото: Getty Images

ГЛАВОБОЛКА

Раширете ги прстите на дланките и притискајте со нив интензивно, најмалку 30 пати, на целата површина на главата од предниот до задниот раб на косата. Овој метод исто така помага и при вртоглавица и кивање, го ублажува заморот и ја враќа енергијата.

ЗАБОБОЛКА

Соберете ги палецот, показалецот и средниот прст на двете раце и притискајте со нив на слепоочниците додека почне да ве боли.

БОЛКА ВО ЖЕЛУДНИКОТ

Ставете ги дланките на областа на желудникот и кружете со рацете. Потоа лесно притиснете ја таа област 30 секунди, нежно вибрирајќи со раката. Потоа, поместете ја малку раката и повторете сѐ на целиот стомак. На крајот од масажата, повторно нежно галете го стомакот.

ДИЈАРЕЈА

Лежејќи на грб, нежно кружете со дланката по стомакот околу папокот неколкупати. Потоа силно притиснете го папокот со палецот на раката, но така што нема да почувствувате болка, држете девет секунди и отпуштете. Доколку е потребно, повторете ја масажата.

НАДУЕНОСТ

Додека лежите на грб, соберете ги нозете во колената, а стапалата оставете ги на подот. Прво, со врвовите на прстите, а потоа со дланката, кружете околу папокот во насока на стрелките на часовникот, постепено зголемувајќи го обемот на кругот.

Потоа, со прстите на двете раце, неколкупати притиснете го пределот што се наоѓа четири прсти под папокот. Наизменично неколкупати стегнете ги и опуштете ги стомачните мускули. Масирајте се неколкупати на ден по пет до седум минути.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.