Школа за долговечност: Се ослободуваме од штетните навики

Проф. В. Дубин, водечки научен соработник на Институтот за природна натуропатија, дошол до заклучок дека многу болести се предизвикани од нашите навики. Покрај тоа, во текот на животот негуваме не само добри туку и лоши навики. На пример, се покажа дека ракот на желудникот, меѓу другото, е предизвикан од консумирање чадена риба во која се додадени нитрити.

Хранете се правилно!

1 На здравјето влијаат прејадувањето, прекумерно калоричната храна, лошиот сон, стресот, конфликтите, како и навиката за јадење месо, маснотии, бело брашно, слатки и друга „луксузна“ храна. Ако се храните на овој начин, не заборавајте за антиоксидантите, како што се селен (пивски квасец), витамин Е (никулци од житни култури), витамин Ц (овошје, зеленчук, зачини) и едноставни работи како што се влакна (трици, овесна каша, ‘ржан леб, пченка).

>>> Секако дека додавањето грст трици во вашето секојдневно мени нема да ве спаси од болестите на модерната цивилизација. Затоа треба постојано да јадете свежо овошје и зеленчук, по можност сосе кората. Треба да ја џвакате храната добро и долго време. И јадете помалку шеќер и слатки, како и масти.

2 Исто така, добро ни е позната навиката да јадеме додека не „пукнеме“. Тогаш треба да се потсетиме на зборовите на Толстој: „Стани од масата кога е најслатко“.

3 Нашиот народ сака бел леб. Тоа е исто така лоша навика. Луѓето не се ни сомневаат дека со купувањето бел леб му предизвикуваат голема штета на организмот. На нашиот организам му треба интегрален или ‘ржан леб.

! Превенција од онколошки болести: никако не јадете мувлосани намирници. Нема смисла да ја отстраните мувлата само од површината, кога таа продира и во самата намирница.

4 Која сол да се користи? Добра навика е да користите камена или морска сол. Солта содржи многу микроелементи што имаат корисен ефект врз нашето здравје. Порано солта беше синоним за благосостојба. Рафинираната сол што ја користиме нема многу минерали: јод, магнезиум, литиум, селен, цинк итн.

>> Во земјите во кои во храната додаваат сол од испарена морска вода (Шпанија, Јапонија, Венецуела) ретки се инфарктите, предвремената склероза, па дури и психичките заболувања.

Уште малку за пушењето и за алкохолот

Пушењето и алкохолот во голема мера го зголемуваат ризикот од прерана смрт и кај мажите и кај жените. За ова често се зборува. Ние ќе додадеме дека пушењето ги забрзува оксидативните процеси во организмот, развојот на васкуларна склероза, доведува до миокардна исхемија и забрзано стареење на организмот.

И високиот крвен притисок е почест кај пушачите отколку кај непушачите. Алкохолот е исто така фактор што придонесува за рак на устата, гркланот, хранопроводот и црниот дроб, особено ако човекот притоа и пуши.

! Се верува дека алкохолот дејствува како катализатор на канцерогената смола од никотинот. Ризикот од рак кај оние што пушат и пијат е поголем за 15% отколку кај луѓето што ги немаат овие навики.

Меѓутоа, треба да се напомене дека СЗО смета дека консумирањето 10 г чист алкохол секој втор ден е корисно, бидејќи го штити срцето од исхемични (коронарни) болести на срцето и од срцев удар.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.