Мигрената има и позитивна страна?

Трипати почесто се јавуваат кај жените одошто кај мажите, но постои една олеснителна околност кога се работи за главоболките

Најновите истражувања на Универзитетот во Мејн (САД) сугерираат дека главоболките, всушност, се начин на кој нашето тело го штити мозокот од оштетувања. Познато ви е чувството кога ве болат мускулите по интензивен тренинг? Тоа е знак дека ткивото се регенерира. Слична верижна реакција се случува и кога е во прашање мигрената.

  1. Сте пиеле алкохол, сте јаделе многу солена храна, сте се напрегнале психички или хормоните ви лудуваат.
  2. Сè од наведеново предизвикува оксидативен стрес и воспалителни процеси, па мозокот ослободува одредени супстанции за да се заштити.
  3. Тоа доведува до непријатни симптоми: главоболка, мачнина, вртоглавица и чувствителност на светлина. Уф!

Иако прават да се чувствувате лошо, овие симптоми всушност се сигнал дека организмот се бори против оксидативниот стрес, откриваат истражувањата што ги спровел доктор Џонатан Боркам. Кога не би постоел овој механизам, односно главоболките, оксидативните процеси би можеле да доведат до невродегенеративни болести. Напомена: доколку често страдате од мигрена, посетете доктор што ќе ве упати на специјалистички прегледи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.