Колач со праски и сливи

Вкусно и шарено задоволство

Се приготвува 30 минути, а исто толку и се пече во рерна! Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

4 јајца

шеќер (една шолја за чај)

1 шолја млеко

1 шолја масло за готвење

2 шолји бело брашно

100 г кокос

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

кора од лимон

За додаток:

1 лажица кафе

1 праска, излупена и ситно исечкана

2-3 модри сливи, излупени и исечкани

100 г чоколадо за готвење

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Јајцата се матат со шеќерот како за пандишпан, па се додаваат млекото, маслото, брашното, прашокот за печиво, ванилинот шеќер и кокосот, па сето тоа убаво се промешува.

Оваа смеса се дели на три еднакви дела, во три посебни садa.

Во едниот дел се додава една лажица кафе и рендана кора од лимон, во вториот дел се додава исечканата праска, а во третиот – парчињата модри сливи.

За овој колач е потребна тркалезна тепсија број 30, премачкана со масло.

Најпрво се зема една црпалка од смесата со праска, па се става на средина од тепсијата. Потоа се зема од смесата со кафе и се става врз смесата со праска. На крај врз неа се става смесата со сливи.

Постапката се повторува на ист начин додека се потроши целиот материјал.

Се става во рерна загреана на 200 степени и се пече 25 до 30 минути.

Кога е испечен и изладен колачот, се прелева со глазура од чоколадо за готвење, а се сече и се сервира по желба.

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.