Живот со дијабетес: „Јас сум… слатка!“

Приказна од реалниот живот

Според податоците на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), 415 милиони луѓе во светот, во моментов, боледуваат од дијабетес, а секунди седум секунди по едно лице умира од дијабетес. Податоците покажуваат дека до 2040 година тој број ќе достигне 642 милиони.

Бројот на заболени од дијабетес во Македонија е во пораст, најмногу поради нездравиот начин на живот: дебелина, избегнување физичка активност, стрес, несоодветна исхрана.

IDF проценува дека во нашата земја 9,3 отсто од населението боледува од шеќерната болест, а половина од заболените од дијабетес тип „немаат ни поставено дијагноза, а и не се свесни дека се болни. Исто така, расте и бројот на младите заболени од дијабетес тип 2, кој е карактеристичен за возрасните.

Никогаш немав проблем да кажам дека имам дијабетес, но верувам дека е тешко ако сте млада личност. Замислете, излегувате со момчето на пијачка и треба да му соопштите дека имате здравствен проблем – тоа не е едноставно. Но можете да му кажете дека сте ‘слатка’. Ако за дијабетесот велам дека ми е сладок животен сопатник, за инсулинската пумпа кажувам дека ми е најдобар пријател, бидејќи ме советува како да ги надминам проблемите со животниот сопатник“, вели Дијана Марева од Скопје, која боледува од дијабетес тип 1.

Шеќерната болест, како што се нарекува во народот дијабетесот, е пандемија, а она што ѝ го обезбедува таквиот карактер е длабоко вкоренето во животите на луѓето во земјите што се во транзиција. Го плаќаме данокот на современиот начин на живот, кој во комбинација со генетиката, одлучува за појава на шеќерната болест!

За борба против неа е потребен мултисекторски пристап и ширење на информациите за ризик-факторите.

Аларм! Симпоми на кои треба да внимаваме:

1 Засилена жед

Ненадејна жед може да биде знак на покачено ниво на гликоза во крвта.

2 Прекумерно уринирање

Особено ако станувате навечер или ве мачи генитален јадеж. Него го предизвикува инфекција со кандида, а ако таквите инфекции се чести – би требало да се тестирате за дијабетес.

3 Умор

Се случува нивото на шеќер да е ниско и организмот да нема доволно „гориво“.

4 Широка половина

Ако половината ненадејно ви се зголемува во обем, и тоа може да биде знак.

5 Кожни инфекции

Ако кожните инфекции или раните потешко зараснуваат, и тоа би можел да биде површен симптом на дијабетес.

6 Вкочанетост

Повремено се вкочануваат прстите.

7 заматен вид

Периоди на заматен или замаглен вид може да укажуваат на дијабетес тип 1 или 2.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.