Не пропуштајте ја шансата да станете Influencer Star и пријавете се на годинешниот конкурс U&Z Influencer Awards 2021!

Кој ќе биде новиот инфлуенсер на годината?

Ги очекуваме вашите пријави и предлози до 15 ноември 2021 на redakcija@ubavinaizdravje.mk

Ако имате повеќе од 2.000 следбеници на Инстаграм и сметате дека ја заслужувате титулата U&Z Influencer Star, пријавете се на натпреварот организиран од страна на магазинот „Убавина и здравје“ и компанијата „Колор Медиа Плус“!

U&Z Influencer Awards се организира во Македонија по третпат, а големото финале ќе се случи во декември, кога ќе им бидат доделени статуетките на одбраните победници на гала-свеченост.

Оваа година во рамките на конкурсот истовремено ќе се одвиваат два избора. Едниот ќе биде наменет за оние што сакаат да го зацврстат своето влијание на социјалните мрежи, да го зголемат бројот на следбеници и да добијат можност за соработка со наши познати брендови. Правилата се едноставни: треба да имате над 18 години и најмалку 2.000 следбеници. Можете да се пријавите на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, така што ќе ги оставите вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата во која се пријавувате: Beauty, Travel, Fashion, Insta Man, Insta Parents, Food, Entertainment, Fitness, Art. Пријавувањето трае до 15 ноември, од кога започнува и натпреварот кој ќе трае до 1-ви декември. На сите кандидати ќе им бидат доделени одредени задачи што ќе треба да ги исполнат, за да си ги зголемат шансите да бидат прогласени за победници во својата категорија!

Другиот избор е предвиден за инфлуенсерите што веќе се етаблирани на социјалните мрежи, имаат значителен број на следбеници и остварени соработки. Нив треба да ги предложите вие на нашата имејл-адреса или во коментар под оваа објава, а победниците ќе бидат одбрани од страна нашите лојални клиенти и соработници на самите инфлуенсери, маркетинг-агенции и регионална жири-комисија. Предложете ги вашите омилени инфлуенсери и зголемете им ги шансите да бидат прогласени за Influencer Star на гламурозната забава во декември.

Покрај тоа, како и минатата година така и оваа, одбираме и УЗ хероини во реалниот свет. Споделете ја со нас приказната за вашата суперхероина и кажете ни кои девојки ве инспирираат, ве воодушевуваат и ве оставаат без зборови, со тоа што во овие тешки времиња се истакнуваат со својата храброст, благородни постапки, хуманост и големо срце.

Победниците во категориите, како и сите останати учесници, ги очекуваат вредни подароци, можности за напредок и голем број изненадувања.

Еден од Платинум партнерите на настанот е познатиот бренд Aura!

Не пропуштајте ја шансата! Ги очекуваме вашите пријави и предлози до 15 ноември 2021 на redakcija@ubavinaizdravje.mk!

ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ ИНФЛУЕНСЕРИ БЕА ПРОГЛАСЕНИ ЗА ПОБЕДНИЦИ МИНАТАТА ГОДИНА:

Прогласени се победниците на Influencer Awards 2020
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.