Прогласени се победниците на Influencer Awards 2020

Избрани се највлијателните

Доделувањето на Influencer Awards 2020 заврши вчера (23.12.2020) со прогласувањето на победниците во деветте категории на престижниот натпревар, кој по вторпат се одржува во нашата држава во организација на редакцијата на „Убавина и здравје“.

Годинава, тој беше поддржан и од колегите во регионот, кои учествуваа во изборот на најдобрите инфлуенсери на Инстаграм.

Номинирањето на кандидатите се одвиваше од страна на публиката, по што следуваше нивната распределба во категориите Beauty, Fashion, Fitness and Health, Food, Insta Man, Insta Partents, Travel, Art и Entertainment.

На инстаграм-профилот на лиценцираното и највлијателно списание за жени во регионот „Убавина и здравје“ следуваше претставувањето на кандидатите во видеоматеријали, а гласањето се одвиваше во две етапи.

Од 15.12. до 17.12.2020 гласавте вие, почитувани читатели, а потоа на сцената излегоа членовите на стручното жири, кои гласаа во текот на следните три дена.

Се гласаше по евровизиски принцип – тоа значи дека инфлуенсерот што добил најмногу гласови од публиката освојува 12 поени. Вториот освојува 10, третиот 8, па 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1. На тие поени се додава поените од жирито, пресметани според истата, евровизиска формула на гласање. Инфлуенсерот со најмногу поени е победник во категоријата.

На 22.12.2020 (вторник) уредничката на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, преку видеообраќање на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk го додели специјалното признание U&Z Heroini.

Хероина или жена-херој, жена што нè инспирира да бидеме подготвени за поголеми дела од оние на кои сме навикнале да ги правиме во зоната на комфорот. Испраќаме поддршка до сите медицински сестри преку Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри @zanas.mk. Вие сте наши хероини!“, порача Јована Стојменовиќ во името на редакцијата на „Убавина и здравје“.

Признанието го прими претседателката на  Унијата на ЗМСТАС, м-р Гордана Бешлиовска.

 

На 23.12.2020 (среда) на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk беа претставени членовите на жирито, кое беше составено од домашни и странски влијателни јавни личности – нашата популарна водителка што ја следат повеќе од 200.000 следбеници на Инстаграм – Лила Филиповска (@lilafilipovska), познатата инфлуенсерка од Србија што соработува со голем број познати брендови Дуња Јованиќ (@imfashionbabe), регионалниот моден фотограф кој соработува со „Лепота и здравље“, како и со „Убавина и здравје“ – Мирко Табашевиќ (@mirkotabasevic), Јордан Колевски (@jordan_kolevski), маркетинг и онлајн-менаџер во Fashion Group Macedonia, редакцијата на популарниот естраден магазин Backstage, потоа претставниците на агенциите за медиуми, дигитален-маркетинг и за пиар: Media House, Ovation Macedonia, Piksel, Media Plan, Represent Communications, Marketing 365, како и претставници на покровителите на Influencer Awards 2020 – генерален покровител Violeta, потоа Vitalia, Мatoss Cosmetics, Victoria Beauty, Paleta, Paco Rabanne Parfums, Kenzo Parfums, Contimpex Cosmetic, Teoxane Macedonia, Franck Global, Lisca Lingerie.

 

Откако публиката се запозна со жирито, следуваше објавувањето на победниците во деветте категории на натпреварот.

Редакцијата на Backstage преку видеообраќање го прогласи победникот во категоријата Entertainment@darkovlogs.

 

Следуваше победникот во категоријата Insta man@_lazarovv, кого го прогласи Лила Филиповска.

 


Во категоријата ART, победник според вкупните поени од публиката и жирито е инстаграм-профилот е @iv.s.arts___, кого го прогласи реномираниот фотограф Мирко Табашевиќ од Србија.

 


Во категоријата FOOD, победник е @daveskitchenofficial, кој освои најмногу вкупно поени од публиката и жирито, а го прогласи уредничката на специјализираното гастрономско списание „Добра храна“ – Марија Лукаревска.

 


Следуваше категоријата Travel, која ја презентира минатогодишниот победник во оваа категорија, Бојан Гиевски, а оваа година победи @sandra_kirkov.

 

Во категоријата Fashion победата ја однесе @aleksandrashijakoska, а беше прогласена од Јордан Колевски, маркетинг и онлајн-менаџер во Fashion Group Macedonia.

 


Категоријата Fitness and Health ја презентира „инфлуенсерот на сите инфлуенсери“, како што и самиот вели во описот на својот многу следен инстаграм-профил, Nichim Izazvan (@nichimizazvan), во која апсолутна победничка според поените од публиката и жирито е @annstojanova.

 

 


Следуваше категоријата Beauty, во која победничката ја прогласи убавата Лила Филиповска, а статуетката замина во рацете на @kosichmakeup.

 


И последна претставена категорија беше Insta Parents, во која повторно се обрати уредничката на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, која го прогласи победникот од публиката и жирито – @aktivnosti_za_deca.

 


Изборот го заокружи видеообраќањето на водителот Марко Новески, кој цело време, во текот на речиси еден месец, ги водеше следбниците, учесниците и публиката низ вториот избор Influencer Awards 2020, во кое ги прогласи четворицата победници според гласовите на публиката, кои освоија навистина голем број гласови од своите следбеници и со тоа јасно го покажаа своето влијание:

1 @magnolia.glamour освои најголем број гласови во категоријата Beauty.

2 @maltezerka1 освои најголем број гласови во категоријата Travel.

3 @d.di.art освои најмногу гласови во категоријата ART.

4 @cookingwithbranko е добитник на најголем број гласови во категоријата FOOD.

 

Сите победници добиваат статуетки и подароци од „Убавина и зравје“ и од покровителите на изборот.

Со ова го затвораме вториот избор Influencer Awards 2020 година, кој се одржа во многу тешка година за сите нас и во услови на карантин. Ви благодариме на сите што учествувавте, нè следевте, поддржавте, гласавте…

Како компанија што денес ужива влијание и доверба кај публиката, кај соработниците и кај клиентите, придонесуваме во процесот на препознавање, идентификување и дефинирање на улогата на инфлуенсерите во јавниот живот и најважното, во онлајн-маректингот.  Свесно сакаме да ја зголемиме видливоста (за која, сите знаеме, на социјалните медиуми се плаќа), но и популарноста на заедницата во целокупната јавност.

Зошто? Затоа што медиумите секогаш ја имаат главната улога во популаризирањето на теми, на луѓе, на настани и трендови, затоа таква улога и одговорност во делот на социјалните медиуми преземаат и многу наши колеги во светски популарните медиуми, па ја преземаме и ние.

Наградите „Инфлуенсер“ се дел од таа наша улога. Истите бараат огромен труд за осмислување, менаџирање и спроведување на целиот проект, во што ни помага искуството од долгогодишно учество и организирање на слични проекти, но тоа не го менува фактот дека сериозно време,  енергија и средства се вложуваат во овој проект, кој би можел да биде и некој друг проект на кој вредно би работел нашиот тим.

Но силно веруваме во успехот кој би им донел само добро на сите кои сме дел од истиот на каков било начин. Некому повеќе, некому помалку. Како и за сè друго во животот. Веруваме дека едни покрај други сме многу подобри.

Се надеваме дека идната година ќе се гледаме во многу поубаво светло, во меѓувреме, нашата соработка продолжува со вас! Честитки до сите! Се гледаме во 2021-та!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.