Дали знаевте дека лист од зелка може да ви ги „избрише“ брчките од лицето?

Рецепт

Најновите истражувања покажуваат дека растенијата од родот Brassica се патоказ за младолик изглед и тен без брчки.

Имено, состојката што ја содржат зелјестите зеленчуци – никотинамидмононуклеотид (NMN) – ги поттикнува метаболизмот и продукцијата на енергија, па ги неутрализира знаците на стареење и дебелеење.

Листовите на овие растенија содржат витамин Е и калиум – клучни состојки за изедначен тен.

Рецепт за маска од зелка:

Потребни состојки:

2-3 листови свежа зелка
2 лажици оризово брашно
неколку капки бадемово или маслиново масло

Приготвување:

Исечете ја зелката и користете блендер за да направите паста од листовите. Измешајте ја добиената смеса со оризово брашно и масло. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја целосно да се исуши. По 20 минути, добро исплакнете го лицето со млака вода.

duplikat Nekoliko Trideset maska za masno lice - casagialla.netАко имате мрсна кожа, подобро е да не додавате масло во маската. Наместо масло, можете да додадете белки. Зелката е одлична храна против брчки и опуштена кожа, додека бадемовото или маслиновото масло ја хидрира кожата.

Ако не сте љубител на листен зеленчук, запомнете, никотинамидмононуклеотид може да се најде и во брокула и во авокадо.

Па пријатно! Ние отидовме да виткаме сармички од зелка!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.