Рај за непцето: Рокет-салата

Време потребно за приготвување: 15 минути

Дека здравото може да биде и неодоливо вкусно, докажува оваа салата! Пробајте ја и ќе се уверите и самите! Еве што ви е потребно за да ја приготвите:

Состојки: 100 г рукола, 120 г свежо цвекло, 60 г горгонзола, 30 г пармезан, 20 г ореви, 30 г шери-домати.

Приготвување:

1 Го лупиме цвеклото, го сечкаме на поголеми коцки и го ставаме во зовриена вода малку да се обари.

2 Добро измиената и исушена рукола ја цепкаме со раце, а можеме и цели листови да ставиме во длабока чинија, потоа ја редиме горгонзолата исечкана на коцки, го додаваме цвеклото, па пармезанот исечен на тенки листови и крајот ги додаваме шери-доматите.

3 Одозгора салатата ја зачинуваме по желба.

Добар апетит!

 

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.