Еве колку долго сме заразни кога имаме грип, но и на што да внимаваме!

Ако нема симптоми не значи и дека не сте болни...

Грижа за здравјето!

Грипот е заразна респираторна болест предизвикана од вируси на грип кои ги инфицираат носот, грлото и белите дробови.

Колку точно треба да останеме дома кога имаме грип?

Луѓето со грип се најзаразни три до четири дена откако ќе развијат симптоми, според Центрите за контрола и превенција на болести.

Повеќето луѓе можат да заразат други до еден ден пред да се појават симптомите и пет до седум дена откако ќе покажат знаци на болест. Децата и луѓето со ослабен имунолошки систем може да го пренесуваат вирусот подолго од седум дена.

„Ние ги сметаме луѓето за заразни до седум дена“, вели д-р Томас Русо за Prevention.

Како се шири грипот?
Се верува дека грипот главно се пренесува со капки, односно со контакт со лице кое кашла, кива или зборува. Овие капки можат да влезат во устата или носот на луѓето кои се во близина. Поретко, едно лице може да добие грип со допирање на површина или предмет што го содржи вирусот на грип и потоа допирање на сопствената уста, нос или очи.

Симптоми на грип се треска, кашлица, болки во грлото, течење или затнат нос, болки во мускулите и телото, главоболка, замор, а понекогаш и повраќање и дијареа (почести кај децата отколку кај возрасните).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.