Водич за примена на АДАПТОГЕНИ

Зошто ни се потребни?

Тулси, ашваганда, родиола… Како се користат во исхраната овие билки со егзотични називи, кои, според стручњаците, можат значително да го унапредат нашето здравје? И што точно прават тие во нашиот организам?

Во аптеките и во продавниците за здрава храна сè повеќе се среќаваат билни додатоци во исхраната – како женшен, тулси, ашваганда, родиола, лековити печурки… Во минатото, правот од овие билки го користеле исклучиво избрани лекари на народната медицина, а денес се познати како адаптогени и се додаваат во чај или во смуди.

Експертите ветуваат дека адаптогените го подобруваат нашиот имунолошки систем, помагаат во борбата со стресот, ги подобруваат концентрацијата и издржливоста, ни даваат дополнителна енергија и смируваат пред спиење. Но како да ги користиме?

Зошто ни се потребни адаптогени?

Адаптогените спаѓаат во единствена група билни препарати, која вклучува билки, корени и печурки способни да се „адаптираат“, односно да го приспособат своето дејство според специфичните потреби на нашиот организам.

Иако поимот адаптогени е релативно нов (се појави во 1947 година), овие билки со векови се користат во дневното практикување на индиската ајуверда, кинеската медицина и другите традиционални култури.

Во медицината го вовел професорот Николај Лазарев, истакнат руски научник, кој открил дека некои билки ја зголемуваат отпорноста на човековиот организам на неповолните фактори од хемиска, физичка и биолошка природа.

Кои билки се сметаат за адаптогени?

За да се смета за адаптоген, лековитата билка треба да одговара на следниве критериуми:

* да биде безбедна за здравјето, односно да нема отровно дејство врз организмот и да може да се зема во помали дози подолг временски период;

* да ја зголемува отпорноста на организмот на стрес;

* да воспоставува рамнотежа на хормонскиот систем, односно да ја нормализира функцијата на целиот организам.

Што, всушност, прават адаптогените во нашиот организам?

Денес феноменот адаптогени е добро испитан. Во текот на последниве години се појавија повеќе истражувања што ги потврдуваат нивните бенефиции: способноста да го намалат нивото на кортизол во крвта, да ги обновуваат мозочните клетки, да ги намалат анксиозноста и уморот, да спречат развој на тумори, да штитат од зрачење…

Адаптогените функционираат како термостат. Кога термостатот ќе почувствува дека е премногу топло во просторијата, ја намалува температурата, и обратно. Адаптогените имаат способност да ве смират и истовремено да ви ја подигнат енергијата. Тие им овозможуваат на клетките поефикасно да го искористат кислородот. Поддржувајќи ја функцијата на надбубрежната жлезда, адаптогените ги ублажуваат последиците од стресот врз организмот и ја нормализираат нарушената рамнотежа во него“, објаснува д-р Франк Липман, еден од водечките стручњаци на функционалната медицина.

Медитација, јога и зелено смуди се одлични во борбата против стресот. Сепак, според моето мислење, адаптогените се најефикасен и најбрз начин за тоа“, смета Кимберли Сајдер, диетолог.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.