Водич за примена на АДАПТОГЕНИ

Зошто ни се потребни?

Тулси, ашваганда, родиола… Како се користат во исхраната овие билки со егзотични називи, кои, според стручњаците, можат значително да го унапредат нашето здравје? И што точно прават тие во нашиот организам?

Како се употребуваат адаптогените?

Земајќи предвид дека не предизвикуваат зависност и не се отровни, можете да ги консумирате секој ден, но важно е да бидат во пропишани дози и облик. Не земајте повеќе од 2-3 грама на ден, што е еднакво на половина лажиче прав.

Адаптогените се додаваат во чај или во смуди, не се препорачуваат за бремени жени и за доилки, а на почетокот од нивната примена, треба да се посвети внимание на сопствениот впечаток, т.е. дали ви годи примената на адаптогени.

Само на тој начин ќе дознаете што ви одговара, а што не. На пример, ако по доза женшен имате иста реакција како и по филџан еспресо (покачен притисок, забрзан пулс и срцебиење), значи дека овој адаптоген не ви одговара.

За поголема ефикасност, експертите советуваат одвреме-навреме да ги замените и да правите пократки паузи меѓу терапиите.

Препаратите врз база на адаптогените се исклучително корисна група природни лекови, особено доколку сме изложени на стрес и на големи психофизички напори. Но важно е да запаметите дека овие билки можат да донесат полза само ако се дел од севкупен здрав начин на живот, како додаток во урамнотежена исхрана, физичка активност и ментална рамнотежа.

Прочитајте и: 5 начини како да го ИСЧИСТИТЕ ОРГАНИЗМОТ ОД НИКОТИН

ДЕСЕТ НАЈПОПУЛАРНИ АДАПТОГЕНИ

Иако адаптогените го приспособуваат своето дејство според потребите на организмот, секоја билка има свои специфични карактеристики и оригинален ефект.

Ашваганда: ајувердско злато

Индиската билка ашваганда илјадници години се користи во ајувердата и има широк спектар на дејство. Ги намалува стресот, анксиозноста и депресијата, го зајакнува имунитетот, ја зголемува издржливоста на организмот и помага во случај на хроничен умор. Има смирувачко дејство врз кардиоваскуларниот и централниот нервен систем. Исто така, ја регулира хормоналната рамнотежа и е моќен антиоксидант.

Елевтерокок (Eleutherococcus senticosus): пониско ниво на маснотии и шеќер во крвта

Елевтерококот или сибирски женшен е најпознат руски адаптоген и се применува на подрачјето на поранешен СССР. Најмногу го користат за зајакнување на имунитетот наесен и во зима, за закрепнување на организмот по стресен период, а истражувањата покажаа дека оваа билка има успешно дејство против инфекции и го намалува нивото на маснотии и на шеќер во крвта.

Не се препорачува во случај на висок крвен притисок и во комбинација со други стимуланси.

Женшен: лек против сите болести

Женшенот долго време се сметаше за највредна и најскапа лековита билка на светот. Најпознатиот ботаничар Карл фон Лајн ја нарече „лек против сите болести“.

Овој корен е најистражуваниот адаптоген досега, а неговата способност да му се спротивстави на стресот и да обезбеди енергија е докажана во многубројни истражувања. Женшенот ја зголемува отпорноста на организмот против разни неповолни фактори, меѓу кои и против тумори и инфекции.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.