Тиаминот е витамин што игра клучна улога во заштитата од коронавирус: Во овие намирници го има најмногу!

Резултати од истражувања

За да може телото на вистински начин да се заштити од коронавирусот, обезбедете му доволна количина на витамин Б1

Тиаминот, анеуринот или витаминот Б1, претставува еден од витамините од Б-групата кој е растворлив во вода и учествува во многу метаболички процеси во организмот.

Познато е дека дефицитот на витамин Б1 е многу чест кај пациенти што боледуваат од белодробни болести. Неодамнешно истражување ја покажало поврзаноста помеѓу недостигот од овој витамин и заболувањето од коронавирус.

Доколку на телото не му се обезбеди доволна количина од овој витамин, имунитетот слабее, а организмот станува поранлив и помалку отпорен. Покрај витамините Д и Ц, тиаминот игра клучна улога во борбата против сите инфективни болести. Оваа теза ја потврдиле многу лекари и спроведени истражувања.

Витаминот Б1 го намалува ризикот ос срцеви заболувања, невролошки нарушувања, дијабетес, се бори против депресија и лошо расположение. Поволно дејствува на функцијата на нервниот систем и на имунолошкиот систем,

Еве како се манифестира недостигот од овој витамин:

Недостигот од витамин Б1 доведува до слабост, замор, психоза и оштетување на нервите. Големиот дефицит доведува до оштетувања на мозокот, срцевиот мускул и респираторните органи.

Во овие намирници го има во изобилство:

Витаминот Б1 го има во квасецот (леб, печива со квасец, пиво), трици, нерафинирани житарки, мешунки, ориз, месо, јајца, јаткасти плодови, млеко, зелка, спанаќ, компир и разни други видови овошје и зеленчук. Честопати, производите од брашно се збогатуваат со витамин Б1.

Препорачана дневна доза на овој витамин:
  • Мажи од 14 години и постари: 1,2 мг
  • Жени од 14 години и постари: 1,0 мг

Лекарите се едногласни: Имунитетот најдобро се зајакнува со внесување на овие 3 витамини!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.