Лекарите се едногласни: Имунитетот најдобро се зајакнува со внесување на овие 3 витамини!

Совети на експерти

Во овој период, правилниот избор на храна е од исклучителна важност

Јакиот имунитет е важен во борбата против коронавирусот. Само силниот организам може да и’ се спротивстави на оваа болест која не одбира кого ќе го нападне. Правилниот избор на намирници е многу важен, а особено важно е да се внесуваат овие 3 витамини.

Доколку ја збогатите исхраната со нив, нема причина за страв. Еве за кои витамини станува збор…

Витамин Ц

Многупати досега сме чуле дека витаминот Ц е важен за нас, и тоа со причина. Овој витамин е најголем двигател на имунолошкиот систем и заштитник на телото. Доколку го внесувате во доволни количини, телото ќе ви биде благодарно. Во најголема мера може да го најдете во овие производи: портокал, грејпфрут, мандарини, пиперка, спанаќ, кељ, брокули.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиските реакции во имунолошкиот систем. Во храна богата со витамин Б6 спаѓаат пилешко месо, мисиркино месо, туна, млеко, сирење, грав, спанаќ, морков, сончогледово семе, интегрални производи. Витаминот Б6 исто така се содржи во зелениот зеленчук и леблебиите.

Витамин Е

Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се бори против инфекции. Со доволно внесување на овој витамин, ќе го зајакнете имунитетот до максимум. Во намирници богати со витамин Е спаѓаат ореви, семиња и спанаќ. Најдобро би било да го обезбедите телото со доволна количина на овој витамин преку храната, но доколку не можете да го постигнете тоа, суплементите ќе ви бидат од помош.

Освен тоа, обидете се да останете физички активни. И 15 минути активност ќе биде доволно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.