60 милиони работни места во Европа се под знак прашалник: Ова се најризичните професии!

Анализата дала прецизни податоци

Се проценува дека 1 од 4 работни места во ЕУ и во Велика Британија се изложени на ризик од намалување на работните часови, принуден одмор или отказ

Речиси 60 милиони работни места ширум Европска Унија и Велика Британија се загрозени поради пандемијата на коронавирус.

Во анализата на лондонската консултантска куќа „Мекинси“ се предупредува дека стапката на невработеност во ЕУ би можела да скокне од 6% на повеќе од 11% и со години да остане на тоа ниво ако ширењето на вирусот не се сопре наскоро.

„Мекинси“ проценува дека едно од четири работни места во ЕУ и во Велика Британија се изложени на ризик од намалување на работните часови, принуден одмор или отпуштање, пишува си-ен-ен.

Професиите што не изискуваат близок контакт меѓу луѓе, како што се сметководителите и архитектите, како и оние што подразбираат давање основни услуги, се сметаат за ниско ризични.

Во рамките на високо ризичните професии се вработени 55 милиони работници, а тука спаѓаат касиери, готвачи, градежни работници, хотелска послуга и актери.

Околу 80% работни места што се сметаат за ризични припаѓаат на луѓе без факултетски дипломи, а особено загрозени се вработените во помали компании.

Ако Европа не успее да го сопре вирусот во рок од три месеци и биде принудена да продолжи со социјалното дистанцирање во текот на летото, стапката на невработеност следната година ќе биде на највисокот ниво од 11,2%, додека целосно заздравување на економијата не е веројатно пред 2024 година, се наведува во анализата.

Совет од лекар: Како да ја намалите главоболката предизвикана од работа пред екран

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.