Симптоми на недостаток на витамин Б12: Препознајте ги навреме

Симптомите на недостаток на витамин Б12 може да се манифестираат на различни начини, така што самата дијагноза е тешка.

Витаминот Б12, познат и како кобаламин, е важен витамин, кој игра клучна улога во производството на црвени крвни клетки и ДНК, како и во правилното функционирање на нервниот систем. Го има во храна од животинско потекло (месо, риба, јајца, млечни производи), а го нема во храна од растително потекло (со исклучок на некои печурки, алги и нутриционистички квасец, а има и производи на кои се додава овој витамин, како што се мусли, гранола и други мешавини од житарици).

За жал, недостатокот на витамин Б12 е вообичаен проблем, особено кај постарата популација. Вие сте изложени на ризик да страдате од ова нарушување, дури и ако не го внесувате доволно преку храна. Покрај постарите лица, веганите се исто така изложени на ризик, како и луѓето кои земаат некои лекови за борба против дијабетесот…

Овој здравствен проблем е тешко да се дијагностицира (понекогаш поминуваат неколку години). Исто така, често се меша со недостаток на фолати. Затоа ви помагаме да ги откриете симптомите на недостаток на овој витамин.

Симптоми на недостаток на витамин Б12

Бледа или жолтеникава кожа

Луѓето кои имаат недостаток на витамин Б12 обично се бледи или имаат жолтеникава боја на кожа. Причината лежи во намаленото производство на еритроцити (црвени крвни клетки), за што е одговорен овој витамин.

Слабост и замор

Кога телото нема доволно витамин Б12, транспортот на кислород до сите клетки е тежок. Затоа, се чувствуваме уморни, поспани и слаби во телото.

Чувство на пецкање

Ова се случува затоа што витаминот Б12 влијае врз производството на миелин, масна бела супстанција која ги обложува аксоните на некои нервни клетки. Кога тоа не е доволно, нашиот нервен систем не може да функционира правилно.

Промени во начинот на движење

Поради оштетување на нервниот систем, поради хроничен недостаток на витамин Б12, има промени во мобилноста на поединецот. Ако забележите проблеми со рамнотежата и координацијата, размислете да го проверите нивото на овој витамин во телото.

Глоситис и рани во устата

Глоситис (воспаление на јазикот) и рани (чиреви) во устата, промени во бојата и обликот на јазикот, се рани знаци дека страдаме од недостаток на витамин Б12.

Отежнато дишење и вртоглавица

Бидејќи, поради недостаток на витамин Б12, стануваме и анемични, не е чудно што доживуваме вртоглавица и губење здив. Всушност, ова се знаци дека клетките се борат да добијат доволно кислород.

Проблеми со видот

Поради оштетување на оптичкиот нерв, постојат и потешкотии со видот. Оваа состојба е позната и како оптичка невропатија.

Промени во расположението

Недостатокот на витамин Б12 доведува до промени во врските во мозокот, што предизвикува промени во расположението, депресија, па дури и деменција.

Прочитајте и: Овој витамин може да помогне во лекувањето на губењето на вкусот и мирисот од коронавирусот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.