Ракот на усната празнина е почест одошто мислиме: Обрнете внимание на овие симптоми!

Еден од десетте најчести карциноми

Луѓето постари од 45 години, како и пушачите и љубителите на алкохолот се изложени на поголем ризик

Карциномот на усната празнина е еден од десетте најчести тумори. Најчестото место каде што се појавува карциномот во уста се крајниците и коренот на јазикот, како и на дното на усната празнина, страничните рабови на јазикот и на предната страна на непцата.

Примарните тумори на усната празнина најмногу настануваат од епителната површина на малите плунковни жлезди, субмукозното ткиво. Постојат и тумори од забно потекло, коскени и метастатски тумори.

Симптоми што луѓето најчесто не ги забележуваат

Можно е да не ги забележите, но најчестите симптоми се ранички во внатрешната страна на образите или на усните кои тешко или никако не поминуваат. Можеби ќе почувствувате грутка или ќе забележите црвена или бела дамка на ткивото во усната шуплина.

Други знаци се чувство на вкочанетост во устата, болка, крвавење без видлива причина или генерална слабост. Исто така, би можеле да забележите дека ви се менува бојата на гласот, ви ѕвони во ушите или имате воспаление на грлото што не поминува. Можно е забите да почнат да ви се клатат.

Ова може да бидат симптоми и на некоја друга помалку сериозна состојба, но во секој случај најдобро е да се консултирате со лекар.

Кој е во ризичната група?

Луѓето постари од 45 години се изложени на поголем ризик од заболување, но ракот на усната празнина генерално е присутен кај сите возрасти. Важно е да се напомене дека стапката на карцином поврзан со ХПВ е во пораст, а се смета дека за тој пораст најодговорен е оралниот секс. Генерално, изложени на поголем ризик се луѓето со послаб имунитет, што обично доаѓа со годините или доколку боледувате од хронични болести поврзани со имунолошкиот систем (како што е ХИВ).

Пушење

Околу 90% од заболените од карцином во подрачјето на главата или вратот се пушачи или луѓе кои се континуирано изложени на пасивно пушење. Пушачите на луле се изложени на поголем ризик, особено на местото каде што усните доаѓаат во контакт со димот од лулето. Од ризикот не се ослободени ниту луѓето кои повремено уживаат во пушење марихуана.

Алкохол

Консумирањето алкохол го зголемува ризикот, особено кај луѓето што секојдневно консумираат повеќе од еден алкохолен пијала. Ако притоа сте и пушач, ризикот дополнително расте, особено кај луѓето постари од 50 години.

Како ракот на усната празнина е поврзан со вирусот ХПВ?

Вообичаено, луѓето се заразуваат со вирусот ХПВ преку секс, вклучувајќи и орален секс. Постојат повеќе типови на овој вирус, а некои се поврзани и со ризик од развој на карцином. Постојат докази дека заразата со вирусот ХПВ може да доведе до карцином на крајниците или на коренот на јазикот.

Како се дијагностицира рак на усна празнина?

Лекарите и стоматолозите обично го откриваат ракот на усната празнина за време на рутински преглед. Доколку забележат симптоми, внимателно ќе ја прегледаат вашата усна празнина и грло, притоа користејќи посебни инструменти и ќе ви ги прегледаат вилицата и вратот во потрага по грутки или лузни. Доколку најдат нешто сомнително, најчесто ги упатуваат пациентите кај специјалисти, кои со биопсија на ткивото ја потврдуваат или исклучуваат оваа болест.

Лекување со операција

Докторите ќе се одлучат за овој метод на лечење секогаш е можен, особено ако ракот е откриен во рана фаза. Со оперативен зафат ќе се обидат да го отстранат туморот и дел од околното ткиво, за да бидат сигурни дека ги отстраниле сите болни клетки.

Во некои случаи може да треба да се отстрани дел од јазикот, виличната коска или покривот на усната празнина. По лекувањето, можно е да биде потребен уште еден оперативен зафат со кој ќе се направи реконструкција на усната шуплина.

Зрачење и хемотерапија

Овој тип лечење се препорачува во зависност од видот карцином и стадиумот на болеста. Дури и ако пациентот помине низ операција, лекарот може да упати и на хемотерапија и зрачење, за да се сведе на минимум опасноста од повторно заболување.

Мерки на превенција

Овие неколку навики можат да го намалат ризикот од рак на усната празнина:

  • Не ги изложувајте усните на сонце без заштита – секогаш користете балсам со заштитен фактор 15 или повеќе
  • Откажете се од цигарите и ограничете ја консумацијата на алкохол
  • Редовно чистете ги забите со четкичка и забен конец. Хигиената на усната празнина го намалува ризикот од рак, но помага и да се воочи во рана фаза, кога прогнозите за излекување се многу подобри
  • Хранете се здраво, на менито секогаш имајте овошје и зеленчук. Исто така, недостигот од витамин А, што може да се најде во масна риба, млеко, јајца, спанаќ, морков и телешки џигер, може да го зголеми ризикот од некои видови рак на усната празнина.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.