Им пркоси на годините: Поранешната манекенка (65) ја покажала совршено извајаната фигура во мини-фустан

Во топ-форма!

За неа годините се само бројка!

Некогашната манекенка Кристи Бринкли синоќа прошетала на црвениот тепих и ги освоила сите присутни со својата појава и модна комбинација. По успешната манекенска кариера, таа му се посветила на приватниот бизнис, но и понатаму е активна на социјалните мрежи и многу често гостува во телевизиски емисии.

Иако има 65 години, на изгледот би можеле да и’ позавидат и помладите девојки. Сигурни сме дека никогаш не би погодиле колку години има врз основа на нејзиниот изглед.

Во многу краток фустан со точки и долги, ѕвонести ракави, таа го привлекла вниманието на сите присутни. Со овој модел, таа на најдобар можен начин ги истакнала долгите, извајани нозе и затегната фигура.

Кристи повеќепати нагласила дека за својот младешки изглед може да му се заблагодари на строгиот режим на исхрана кој вклучува многу овошје и зеленчук, како и редовно одење на естетски третмани.

https://www.instagram.com/p/B1cn1sFn4cj/

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.