Болна разделба, а Бред Пит никаде го нема: Анџелина Џоли едвај се воздржа да не заплаче (ВИДЕО + ФОТО)
Анџелина Џоли (44) со огромна трема и солзи во очите го испрати најстариот син Медокс во новото животно поглавје.
Имено, дојде време нејзиниот син да тргне по својот пат, а избра да го продолжи школувањето во Јужна Кореја на престижниот Универзитет во Сеул. Популарната актерка, исклучително среќна и горда, разделбата со своето првенче ја поднесе доста тешко.
View this post on Instagram
Странските медиуми пренесуваат дека синот на Анџелина Џоли и Бред Пит бил прифатен на повеќе универзитети, но дека го избрал токму овој и дека учењето на корејскиот јазик му оди одлично.
Настојувам да не заплачам, денес заминува“, изјави Анџелина пред насобраните пријатели и новинари кои дојдоа да го испратат Медокс.
View this post on Instagram
Интересно е тоа што од Бред Пит никаде ни трага на глас, туку Анџелина сама беше покрај нивниот син, кого го посвои во 2002 година кога беше 8-месечно бебе, а подоцна го призна и Бред.
Популарниот актер наводно влегол во судир со Медокс во 2016 година поради што Анџелина поднела барање за развод.
Медокс не се гледа себеси како син на Бред“, изјавил извор близок на семејството и додал дека актерот за неговото заминување во Сеул дознал од медиумите.
Фото и видео: Инстаграм