Пресечете ја вирусната инфекција во корен: Направете сами „антивирус“!

Еве како!

Како да се победи вирус? Направете го сами рускиот препарат „АНТИВИРУС“, на база на моќната билка медуника, позната како билен аспирин

Во превод од латински јазик вирус значи отров. Се смета дека, заедно со другите микроорганизми, вирусите живеат во нашиот организам и речиси со децении може да не сигнализираат дека се тука. Но во одредени услови се активираат и ни предизвикуваат големи непријатности…

Досега се откриени повеќе од 500 вируси.

Многу од нив, како што се овчите сипаници (варичела), малите сипаници (рубеола), болеста на дланките, стапалата и устата (HFMD), трахомот (заразниот конјунктивитис), полиомиелитис (детска парализа) и низа други, медицинската наука успеа да ги заузди.

За жал, со такви успеси не можеме да се пофалиме кога се во прашање инфекциите, како што се херпес, паротитис (заушки), грип и акутни респираторни вирусни инфекции, вирусен панкреатитис и хепатитис и многу други.

Денес од вирусите страдаат нашиот црн дроб, панкреасот, половите жлезди, како и други органи и системи. Моментално сме сведоци на пандемија на коронавирусот, кој ја зафати целата планета, а ги напаѓа белите дробови…

Фото: Илустрација

Вирусот многу упорно клечи во нашето тело, криејќи се во нервните клетки.

Многу научници го сметаат за неизлечив, и токму тој факт со себе повлекува константно земање антивирусни лекови. Но сите познати лекови го отстрануваат само воспалението, т.е. последицата што ја предизвикува вирусот.

Значи, вирусите се цврсто населени во нас, мируваат сите до еден – кога поради премореност, стрес, настинка и други болести што го ослабуваат нашиот имунитет, преминуваат во акутна форма и напаѓаат.

Не дозволувајте му на вирусот да се активира!

Главен предизвикувач на акутна вирусна инфекција е настинката, резултат на нашиот разгален начин на живот „под стаклено ѕвоно“.

За да не му дозволите на вирусот да се активира во вас и така да ја заразите најблиската околина, може да ви помогнат стари руски народни методи, а акцентот е на превенцијата и на зајакнувањето на имунитетот: употреба на кромид и на лук и вдишување на нивните фитонциди, како и масажа по точки. А сето тоа во руска парна бања (сауна), па уште со помош на брезов прат. Тогаш шансите за заболување значително се намалуваат кај сите членови на семејството.

Патем, на Запад и во САД речиси целото население зема аспирин, кој ги потиснува вирусите и има антисклеротично дејство (ги снижува холестеролот, триглицеридите и маснотиите во крвта). Меѓутоа, неговата примена не поминува без последици – може да предизвика чир на желудникот.

Руската народна медицина од памтивек како лековито средство при настинка користела кора од бела врба и жутиловка (лат. Cytisus), кои исто така содржат салицил и претставуваат основа на аспиринот (салицилна киселина).

Приготвување на препаратот „антивирус“

Природен аспирин има и во медуниката (лат. Filipendula ulmaria). Соработниците на институтот во Санкт Петербург сметаат дека оваа неверојатна тревка помага да се избегнат грипот и други вирусни болести, сечејќи ги во корен. Имено, долгогодишни клинички истражувања покажале дека цвеќенцата од медуниката имаат силно антивирусно дејство.

РЕЦЕПТ: 20 г цветови од медуника и 5 г невен прелејте со 125 мл вотка, разблажена со вода во сооднос 1 : 1, и ставите го во тенџере со врела  вода (90 степени) на еден час. Кога ќе се олади до собна температура, исцедете го и три дена пред спиење земајте по две и пол лажичиња во случај на акутни респираторни вирусни инфекции, пет дена во случај на херпес, десет дена во случај на херпес зостер и грип.

Освен тоа, при херпес, исипот на кожата мачкајте го со овој препарат трипати дневно.

Препорачуваме по отстранувањето на акутниот период на болеста да го земате препаратот најмалку уште три дена.

 „Антивирусот“ се применува и за лекување хепатитис и панкреатитис од вирусно потекло. Во случај на овие заболувања, препаратот се зема во комплет со други лековити средства – по две и пол лажичиња трипати дневно, и така три недели.

Забележливи резултати во лекувањето дава дури и едноставно земање цветови од медуника. Потребно е само едно лажиче цветови од оваа билка да ги изџвакате и голтнете.

Подготвил: професор Валентин Дубин, главен научен соработник во Институтот за натуропатија

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.