Три прати месечно полевајте ги билките со вода и квасец: Ќе видите како магично ќе расцутат!

За собни и градинарски растенија

Билките ќе зајакнат и ќе имаат побујни листови, а на крајот и цветови

Ако билките се наоѓаат во несоодветни услови, тоа ќе ви го покажат со промена на листовите, забавен раст, необразување или сушење на цветовите, закржлавен корен. Тоа се првите знаци што растението ви ги праќа дека му треба вашата помош.

За да го одбегнете тоа, во одредени периоди, на билките треба да им се дава дохрана. Станува збор за раствор што може да биде од природно или вештачко потекло и во себе содржи низа елементи што му се потребни на растението. Состојките од природно потекло позитивно влијаат врз билките, а и врз околината, лесно се прават, а достапни им се на сите.

Како функционира дохраната со квасец

Дохраната на билките со квасец позитивно влијае врз нивната убавина и здравје. Во квасецот има бактерии кои немаат моќ да даваат само убави и вкусни десерти, туку и поволно да влијаат врз растот и развојот на растенијата. Квасецот во себе содржи низа фитохормони и ауксини (растителен хормон за раст и развој) и витамини од групата Б. Квасецот има моќ за набабрување, односно за делење на клетките и така, всушност тестата нараснуваат. Истото важи и за билките. Квасецот го поттикнува развивањето на клетките и растот на билките.

Резултат од дохраната

Хормоните што ги има во квасецот дејствуваат на низа микроорганизми во земјиштето и ја поттикнуваат нивната работа, а витаминот Б влијае врз тоа листовите да бидат побујни, да станат позелени, да не им се сушат врвовите. Целото растение станува повитално и посилно.

За да се постигне тоа, се дохранува два до три пати месечно. Се препорачува во летните месеци да се дохранува секоја недела, а преку зима два пати месечно. Важно е временската разлика помеѓу две дохрани да биде иста, бидејќи така билките се навикнуваат и можат да си одредат кога и колку храна можат да потрошат до следната дохрана.

Како се приготвува растворот?

За приготвување на оваа дохрана ви требаат едно мало пакување квасец од 50 г, 5 кафени лажици шеќер и 5 л млака вода. (На 10 г квасец оди 1 кафена лажица шеќер и 1 л вода). Сето тоа измешајте го и оставете го да отстои два до три часа. Потоа, повторно промешајте и растворот е спремен за полевање.

Се препорачува да приготвите онолку литри колку што ви е потребно за полевање. Ако ја оставите дохраната за подоцна, ќе го поттикнете развојот на штетни организми. Со овој раствор исто така можете да полевате и градинарско цвеќе.

Цвеќе што обожава ладовина: 5 раскошни билки за балкон и градина без сонце!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.