Овој паразит може долго и незабележливо да ве мачи, а да не сте свесни: Еве кој најлесно може да го добие и што мора да преземете!

Бидете внимателни

Фото: Getty Images

Овој паразит може незабележливо да се наоѓа во позадината на многу заболувања – дознајте како се манифестира и како да се ослободите од него додека не му нанесе непоправлива штета на организмот

Токсокариоза (токсокара) е доста раширено заболување. Токсокариозата ја предизвикуваат ларви на тркалезни црви аскаридни нематоди, кои се населуваат во различни ткива и органи во човечкиот организам. Познати се два вида: кучешка (Toxocara canis) и мачешка токсокара (Toxocara cati).

Главни домаќини и воедно преносители на овој опасен паразит на луѓето се нашите домашни миленици – кучињата и мачките! Токсокара може да ја пренесат и некои диви животни, но тоа е многу поредок случај, од причина што луѓето не се во толку близок контакт со диви животни.

Луѓето исто така може да се заразат и со јајца од токсокара, бидејќи во природата ги има многу во земјиштето (од изметот на кучињата и мачките), во прашината во воздухот и на свежите намирници набрани од земја.

Човекот е привремен домаќин во кој од јајцата се развиваат ларви, но воедно е и погрешен домаќин, бидејќи ларвите во човечкиот организам не можат да се развијат во возрасни единки.

Меѓутоа, во човечкиот организам од тие јајца во цревата се развиваат ларви, кои потоа преминуваат во крвотокот и го населуваат кој било орган или ткиво. Најчесто тоа се мозокот, очите, белите дробови, црниот дроб и срцето.

Паразитот кога е во вид на ларви може да остане со години и незабележливо да предизвикува симптоми кои можат да ѝ се припишат на која болест или состојба, како што се главоболка, надуеност, болки во стомакот, кашлица, вртоглавица и слично. Меѓутоа, ларвите, во ретки случаи можат да стигнат и до виталните органи, како што се мозокот и срцето и да доведат до многу сериозни состојби опасни по живот, особено кај децата.

Доколку нашиот имунолошки систем не се избори сам со овој паразит или не се примени соодветна терапија навреме, токсокарата може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Голем проблем претставува и дијагностицирањето токсокара, бидејќи ларвите не се развиваат во возрасни единки и тешко е да се детектираат со конвенционалните дијагностички методи.

Главните извори на зараза со токсокариоза за луѓето најчесто се кучињата и мачките, а трансмисијата најчесто е преку измет и влакно, каде што исто така се наоѓаат јајца од овој паразит.

Најголем извор на зараза се детските игралишта, песокот и земјата, кои се просторот на којшто животните најчесто вршат нужда. Доволно е мало дете да се поигра во песок, а потоа да стави прст во нос или уста, и заразата ќе нападне.

Во најризичните групи спаѓаат деца до 5 години, сопственици на домашни миленици (кучиња и мачки), ветеринари, луѓе кои работат со животни (во пансиони и прифатилишта за кучиња и мачки), продавачи на зеленчук и овошје, луѓето кои обработуваат земја и ловци. До зараза можат да дојдат и друга категорија луѓе, но тоа е поредок случај.

За да ја спречите заразата со токсокара, потребно е вашите миленици на секои три месеца да ги чистите од паразити со таблети посебно наменети за таа цел, редовно да миете раце по контакт со животни, земја и песок, темелно да го миете овошјето и зеленчукот, по можност да го чувате во раствор од сода бикарбона и вода минимум 15-20 минути и да внимавате малите деца да не ги допираат устата, носот и очите со нечисти раце кога се во природа.

Тоник што ги убива сите паразити, вируси, бактерии и габички во организмот: Напивка за целосна преродба!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.