Оваа напивка од 2 состојки ќе направи чудо за вашиот имунитет: Испијте ја пред спиење и оставете го телото да се регенерира!

Прави чуда за здравјето

Испијте ја навечер и нема да зажалите – ќе се разбудите полни со енергија, а вашето тело ќе биде обновено

Кога ќе се спомене бананата, повеќето луѓе помислуваат на поголем број калории. Бананите се калорични, но можат да направат чудо за вашиот организам. Особено ако ги јадете зготвени.

Не се шегуваме, бананата зготвена со цимет е одличен начин да му помогнете на вашиот организам и да ги зајакнете неговите одбранбени својства.

Овој рецепт, што малкумина го знаат, е одличен лек за многу проблеми, вклучувајќи и недостиг од витамини и анксиозност.

Имено, бананите содржат голема количина на магнезиум, кој благотворно дејствува на нервниот систем: го опушта, го елиминира стресот и го подобрува сонот.

Бананите се извор на бројни хранливи материи, како што е калиум, кој е важен за тонусот на мускулите, вклучувајќи го и срцевиот. Во нив има и фосфор што му помага на телото полесно да ги свари јаглехидратите.

Уште една важна состојка на овој коктел е циметот. Тој го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, па со тоа го намалува и ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Исто така, некои истражувања покажале дека циметот може да дејствува и антисептично на телото и да ги нормализира хормоните, што е особено корисно за жените.

Научниците издвоиле состојби за коишто оваа напивка е благотворна:

  • артритис
  • мигрени и главоболки од различно потекло
  • улцерозни болести на гастроинтестиналниот тракт
  • присуство на патогени бактерии
Како да ја приготвите оваа напивка?

Состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1-1,5 лажиче цимет
  • 2-2,5 л вода

Приготвување:

Излупете ја бананата, загрејте ја водата да зоврие, па во неа ставете банана и цимет. Намалете ја температурата и загревајте околу 10 минути. Потоа, исцедете ја и пијте ја додека е топла.

Оваа напивка треба да се пие навечер, еден-два часа пред спиење.

Изгмечете банана и додајте ги овие две состојки: Цела зима нема да имате мака со кашлање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.