Негувана – ДА, оперирана – НЕ: Пенелопе Круз е доказ дека жената на 47 години може да изгледа фантастично и без ботокс!

Прекрасна!

Го обожаваме природниот изглед на Пенелопе Круз

Драматична, моќна и заводлива – Пенелопе Круз е одраз на стилот и елеганцијата. Вчера се појавила на Интернационалниот филмски фестивал во Санта Барбара, рака под рака со својот згоден сопруг Хавиер Бардем. Но жените не ѝ завидуваат поради атрактивниот маж, туку поради нејзиниот изглед!

Пенелопе има 47 години и изгледа како вистинска негувана жена на 47 години! Таа нема ботокс, силиконски гради или задник, а повторно изгледа неверојатно добро.

Облечена во црвен фустан со наметка, Пенелопе воодушевила со својот изглед.

Претходно истиот ден, Пенелопе носела краток розов фустан и со тоа го побила правилото дека на црвениот килим никогаш не се носи розови! Токму во оваа комбинација актерката изгледала младолико и свежо.

Кога ја прашале дали и таа ќе му подлегне на општиот тренд на користење ботокс, Пенелопе одговорила дека е актерка и дека актерките мора да имаат можност да ги изразат емоциите.

Ви ги откриваме тајните на убавината на Пенелопе Круз
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.