Ќерката на познатата актерска двојка: „Испив кафе на празен стомак и потоа започна пеколот!“

Борба со анксиозност

Манекенката и актерка во подем, ќерка на поранешната актерска двојка Алек Болдвин и Ким Бесинџер, искрено зборувала за менталните проблеми

Ајрленд Болдвин (26), ќерка на холивудскиот актер Алек Болдвин и актерката Ким Бесинџер, споделила искрена објава од подот на својата бања по напад на анксиозност.

Манекенката и актерка која отворено зборувала за својата борба со анксиозноста, објавила две фотографии на кои се гледа како седи на подот од својата бања и открила дека нејзиниот напад бил предизвикан од пиењето кафе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandbasingerbaldwin)

„Време на напади на анксиозност“, напишала таа и продолжила:

„Утрината испив една шолја кафе на празен стомак, што се претвори во напад на анксиозност.

Моментално го пишувам ова од подот во бањата. Обично седам овде вака или лежам во фетална положба додека повратам или изгубам сила од плачење.

Кафето е главниот иритатор на хранопроводникот и предизвикувач на рефлукс, што мене ме доведува до напад на анксиозност. Ако страдате од анксиозност како мене, кафето не е ваш пријател.

Веројатно се прашува зошто тогаш сум го испила? Па, затоа што сум будала.

Ова што пишувам отворено за моите борби ми помага да ги пребродам.“

Во јануари, таа на Инстаграм објавила дека користи апарат за мерење притисок за да ги следи отчукувањата на срцето и крвниот притисок, откако била дијагностицирана со кардиофобија.

Инаку, според американското здружение на психијатари, кофеинот може да ги влоши симптомите кај оние што имаат предиспозиции за анксиозност или напади на паника, бидејќи ја стимулира активноста во симпатичкиот нервен систем.

Сопругата на Алек Болдвин загрижена за своето ментално здравје: Се повлече…
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе