100 години неодолив вкус

Од самиот почеток, љубовта кон чоколадото е вткаена во секое залче и детаљ, како би можеле љубителите на овој бренд со сите сетила да уживаат во омилените вкусови.

Пред точно 100 години, најпознатата домашна фабрика за чоколади зaпочна да произведува слатки изненадувања. Од фабриката на Štark дојдоа многубројни иновации, а сите гурмани со нетрпение чекаа да ги пробаат.

Откако се појавија, Najlepše želje им станаа омилената чоколада на многуте генерации, која ги разубавуваше најважните моменти и беше незаменлив дел од секој подарок.

Љубовта кон чоколадата од самиот почеток вткаена е во секое залче и детал, како би можеле љубителите на овој бренд со сите сетила да уживаат во омилените вкусови.

Najlepše želje со години се синоним за љубов, страст и среќа, а со желба да понуди разновидни чоколади и чоколадни производи, брендот постојано се развиваше.

Во 2021 година чоколадата доби ново руво и влезе во славеничката година како вистинска ѕвезда. Најсовремената линија за лиење чоколади, во која минатата година компанијата Atlantic Štark инвестира 8,6 милиони евра, овозможи создавање на иновативни производи и вкусови, но и пофино мелење на какао маса и подобра гранулација што на текстурата и дава неодоливо растопување и единствено искуство за време на консумирањето.

Во оваа славеничка година, Najlepše želje подготвија многубројни изненадувања и иновации, со кои ќе продолжиме со сето срце да уживаме и во новите 100.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.