Драгана Мирковиќ за Денот на жената од сопругот добила „мајбах“ од 400.000 евра! (ФОТО)

Дарежлив сопруг...

Фото: Рајко Ристиќ

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ веќе повеќе од две децении ужива во бракот со Тони Бијелиќ, но австрискиот бизнисмен и понатаму не пропшта прилика да ја покаже својата љубов.

Имено, Тони за 8-ми март пријатно ја изненадил Драгана, подарувајќи и автомобил вреден 400.000 евра.

„Тони сето тоа го организирал во строга тајна. Автомобилот е донесен во гаража, украсен со панделки, а покрај него имало и подготвено шампанско и слатки работи. Драгана била шокирана кога видела колку тој се потрудил да ја израдува – рекол извор близок на фолк-ѕвездата.

Дека морал сериозно да се потруди сведочи и податокот дека на Драгана и купил „мајбах С 680“, за кого во светот се чека две години.

Драгана со скапоцениот подарок се пофалила на социјалните мрежи.

„Осмомартовски подарок. Ти благодарам љубов“ – објавила пејачката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.