Најтешко е да се открие рак на јајчници: Ако забележите кој било од овие симптоми, веднаш одете на лекар!

Внимавајте!

Фото: Getty Images

Оваа подмолна болест не покажува јасни симптоми сѐ додека не се развие, па затоа добро слушајте го вашето тело

Повеќе стотици жени ширум светот заболуваат од рак на јајчници и тој станува сѐ почесто заболување. Тешко е да се утврдат првите симптоми, затоа важно е да се следи и најмалата промена на телото.

Ракот на јајчници не се регистрира толку лесно сѐ додека не стигне до трета или четврта фаза. Причината за тоа е просторот во кој се наоѓа ракот, а тоа е абдоменот и карлицата. Како што напредува канцерот, во споменатото подрачје има сосема доволно простор за да се поместуваат органите, како последица на што многу е тешко да се забележат симптомите.

Сѐ додека не дојде до недостиг на простор, не доаѓа ни до симптоми. Сепак, дури и тогаш, знаците може да бидат прилично вообичаени. Меѓутоа, во случај да забележите некој од следниве симптоми, задолжително одете на лекар.

Крвавење

Нередовното менструално крвавење (крвавење што се јавува помеѓу циклусите, во нередовни периоди), најчесто се јавува кај жени што имаат стромален тумор на јајчници. Стромалните тумори произведуваат естроген кој може да предизвика периодично крвавење, а до кое може да дојде дури и по менопауза.

Дуење

Ова е многу честа појава кај повеќето жени, особено кога се работи за ПМС. Меѓутоа, доколку постојано го имате овој симптом, добро би било да одите на лекар.

Зголемено чувство на ситост

Може да дојде до насобирање течност како последица на растот и развојот на ракот на јајчниците.

Проблеми со дишењето

Доцните стадиуми на рак на јајчници можат да доведат до проблеми со дишењето. Како што туморот расте, тој може да почне да ги притиска белите дробови и да ја оневозможи способноста за нормално вдишување и издишување воздух.

Грчеви

Често ги има речиси секоја жена, особено за време на менструација. Токму од таа причина не се поврзуваат со ништо друго. Меѓутоа, воопшто не е невообичаено за туморот кој се развива во карлицата да предизвика болка во долниот дел на стомакот. А со оглед на тоа што оваа непријатна болка е прилично слична на менструалните грчеви, повеќето жени претпоставуваат дека станува збор за нешто бенигно.

Болка во грбот

Како последица на рак на јајчници, може да дојде до појава на болка во грбот, кога течноста се акумулира во карлицата или кога туморот се шири во абдоменот или карлицата, со што директно го надразнува ткивото во долниот дел на грбот.

Лоша дигестија

Всушност, тука станува збор за киселини и гасови.

Тивок, но жесток убиец: Ракот на дебело црево прво ги покажува овие 6 симптоми
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.