Тивок, но жесток убиец: Ракот на дебело црево прво ги покажува овие 6 симптоми

Слушајте што ви говори телото!

Губењето тежина без диета или голем стрес се причини за што поитна посета на лекар

Ракот на дебело црево е еден од најчестите убијци на модерното време.

Ако мислите дека станува збор за болест што ги погодува само постарите луѓе, се лажете. Сè почесто, млади луѓе во 20-тите и 30-тите години заболуваа од овој вид канцер.

Превентивните прегледи помагаат да се намали бројот на случаи на рак на дебело црево ширум светот, но епидемијата на дебелеење претставува огромен ризичк.

Ова се 6-те симптоми на оваа тешка болест што никако не би требало да ги игнорирате…

1. Анемија (недостиг на железо)

Кога туморите во дебелото црево крвават, доаѓа до губење на железо во организмот. Луѓето честопати не можат да го забележат овој недостиг, но обичниот лабораториски тест ќе открие дали имате анемија, како и дали имате доволно здрави црвени крвни зрнца.

2. Болка во стомакот

Малигните клетки можат да предизвикаат затнување или повреда на ткивата, притоа предизвикувајќи грчеви или болка. Пациентите со рак на дебело црево подоцна се присетуваат дека некое време го игнорирале чувството на нелагодност во пределот на абдоменот, без разлика дали се работело за остра или тапа болка.

3. Тенка столица

Многу е честа промената на изгледот на столицата кај пациентите болни од рак на црево. Ако вашите столици се тенки (во форма на молив), и тоа доста потенки од претходно, оваа промена може да е знак на малигно заболување на дебелото црево. Обрнете внимание и на другите знаци поврзани со празнењето на цревата, како што е честиот запек, без очигледна причина.

4. Нагон за празнење без резултати

Ако чувствувате дека треба да одите во тоалет, но кога ќе се обидете да ги испразните цревата, ништо не се случува, тоа е еден од можните знаци дека постои тумор во ректумот.

5. Ненадејно губење тежина

Генерално, наглото губење тежина без диета или голем стрес, најчесто е причина за посета на лекар. Иако вие можеби јадете како и вообичаено и внесувате доволно храна, некои болести знаат доста да го променат начинот на кој телото ја користи храната. Кога се работи за рак на дебело црево, честопати се случува болеста да го спречува телото да ги апсорбира нутриентите, што доведува до намалување на тежината.

6. Крвавење

Еден од најочигледните знаци дека нешто се случува во цревата е ректалното крвавење. Ако забележите крв на тоалетната хартија, во тоалетната шолја или во столицата, би требало веднаш да го известите лекарот за тоа. Крвавењето предизвикано од тумори во цревата е многу пообилно од крвавењето предизвикано од пукање на хемороидите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.