15 совети на Рамбо Амадеус за добро расположение: Одамна никој ништо попаметно не кажал!

Браво!

Медиумите се преплавени со депресивни вести и со опасните последици што ги предизвикува депресијата

Рамбо Амадеус на социјалните мрежи објавил 15 многу корисни совети за подобро расположение.

„Секој човек поминува низ фаза на безнадежност, нерасположеност, тага, разочарување, страв. Цивилизирано е, но и крајно практично да се преземат мерки за да се надминат лошите чувства.“

Еве го списокот на активности што потполно бесплатно или исклучително евтино можете да ги практикувате за да си го подобрите расположението.

1. Наутро, штом се разбудите – млака лимонада од половина лимон.

2. Лесно растегнување, истегнување, блага гимнастика.

3. Одбегнувајте да читате секакви вести – одбереме само еден извор, портал кој реално, ладно и без премногу емоции пренесува вести.

4. Престанете да ги следите на социјалните мрежи сите оние што зборуваат за проблемите, а не нудат никакво решение.

5. Шетајте – пешачењето е вградено во нашите гени, извонредно помага.

6. Разменувајте си предмети со пријателите, алат, гардероба, забавно е и корисно.

7. Поправајте работи сами по дома – се исплати и го подобрува расположението.

8. Читајте книги – покрај многуте здодевни, има и такви што се многу интересни.

9. Следете научни портали – space.com на пример. Не е лошо да се познава космосот, полесно се прифаќаат земските проблеми.

10. Кога и да се сетите, дишете побавно и подлабоко. Кислородот, сепак, е нашето основно гориво.

11. Насмевка на лицето – поради повратните неврофизиолошки спреги помеѓу максиофацијалните мускули и малиот мозок – добро влијае врз расположението. Научно докажано, проверено од лично искуство.

12. Возете велосипед, ролерки, скејтборд, тротинети, електрични велосипеди, одбегнувајте возила што произведуваат бучава. Одат на нерви.

13. Јадете помалку месо.

14. Подарувајте сѐ што не ви треба. Вишокот работи само зафаќаат простор во мозокот, кој е најскап.

15. Сакајте некого или нешто – бесплатно е и чувството е добро.

15 А. Одгледувајте некои растенија во станот – јас имам рузмарин, обожавам рузмарин.

16. Задолжително поминувајте во тишина барем еден час дневно.

17. Слободно допишете го списокот…

„Не е на списокот, но ако по некоја случајност имате пари и можност, запишете се во школа за едрење. Никогаш не сум сретнал депресивен едриличар.“

ФОТО: ATA IMAGES

Со помош на овие седум совети можете квалитетно да работите на себе и да се запознаете подобро
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.