Лесен начин како да ги намалите менструалните болки и грчеви

Дисменореја, или болка и грчеви што се јавуваат поради менструација, за многу жени е најлошата последица од „тие денови во месецот“.

Дисменорејата е последица на менструацијата, која се јавува кај најголемиот број жени, а голем број од нив приоѓаат на овој феномен на слични начини. Аналгетиците играат голема улога во борбата против овие болки, особено кај оние жени чија болка е неподнослива. Но, истражувањата покажаа дека грејната терапија е многу ефикасна кога станува збор за грчеви во менструацијата. Не ви требаат специјални уреди за таква терапија, ниту треба да потрошите голема сума пари на неа. Имено, веројатно веќе имате сè што ви треба во вашиот дом.

Направи сама: Грејач за менструални грчеви

Сè што ви е потребно:

  • Чорапи (колку подолги, толку подобро)
  • Ориз (не варен)
  • Микробранова печка
  • Есенцијално масло за ублажување на болката (нане, рузмарин, лаванда, жалфија)

Постапка:

  • Завиткајте го оризот во чорап и врзете го во јазол. Ставете го врзаниот ориз во микробранова печка 30 секунди.
  • Измешајте го есенцијалното масло (или повеќе од нив) со основното масло и нанесете го на долниот дел на стомакот.
  • Поставете го загреаниот ориз во чорапата на стомак, но проверете дали оризот не е премногу врел за да не создадете контраефект.

Истражувањата покажаа дека грејната терапија помага во намалувањето на болката во менструацијата повеќе од аналгетиците. Но, тоа не значи дека треба да ставате шишиња со топла вода и слично на гола кожа. Многу високите температури можат да доведат до поголеми проблеми, но при умерени температури болката се ослободува. Ако додадете есенцијални масла на ова, ефектот се зголемува. Исто така, експертите препорачуваат внесување витамини, здрави масти (омега-3) и топли бањи и акупунктура.

Прочитајте и: Дали е нормално будењето среде ноќ и кога треба да се побара медицинска помош?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.