Лек за целосна преродба на телото: Ќе ослабите, ќе го зајакнете имунитетот, а косата и кожата ќе ви блескаат!

Народен лек

Подгответе се за зимата и зајакнете го имунитетот навреме

Овој стар рецепт со векови се користи за јакнење на физичките и менталните способности и за лекување многу болести.

Рецептот содржи само две состојки, го подобрува варењето, помага при губењето килограми и ги отстранува отровите од организмот. Богат е со калциум и калиум, кои го јакнат срцето и крвните садови. Одличен е за подобрување на структурата на кожата и косата. Го јакне имунитетот и го забрзува метаболизмот.

Состојки: 20 парчиња суви смокви, маслиново масло

Приготвување: Земете 20 парчиња суви смокви, исечете ги на пола и ставете ги во тегла. Потоа, додајте маслиново масло, така што ќе ги покриете сите смокви и на врвот да остане околу 1 сантиметар масло.

Оставете ја теглата во фрижидер 40 дена.

Примена: Јадете по една половина смоква и 1 лажица масло од смоквите. Се препорачува да се јаде ова 5 до 10 минути пред појадокот. Јадете го ова секој ден додека не ги потрошите сите смокви и масло.

Веднаш ќе ги почувствувате придобивките од овој лек. Третманот можете да го повторувате 2 до 3 пати годишно.

Смоквите се многу здрави, и тоа не само свежите, туку и сушените. Смоквите влијаат многу позитивно врз нашето здравје. Тие буквално можат да го обноват целото тело.

Во текот на сушењето, количината на протеините во смоквите се зголемува од 3 до 6%, а шеќерот на 50 до 70%, додека свежите смокви содржат само 1% протеин, 15 до 20% шеќер.

Природниот шеќер од овошјето многу лесно го апсорбира телото. Сушените смокви можат да ја зголемат енергијата што ја произведува нашето тело, го подобрува расположението и менталната активност.

Сушените смокви содржат огромна количина влакна и тоа ни овозможува долго да ја одржиме ситоста, да го подобриме гастроинтестиналниот такт. Сушените смокви се богати со хранливи состојки, како што се калиум, магнезиум, железо, калциум и Б витамин.

Високата количина на пектин во смоквите ги прави ефикасни за зараснување на сврзното ткиво, особено за повреди на зглобовите и коските.

Сувите смокви можат значително да го зголемат антиоксидантното дејствување на крвната плазма, помагаат во јакнењето на ѕидовите на капиларите и ја поттикнуваат активната апсорпција на витамин Ц.

Сувите смокви се користат за лекување опстипација и се одличен лаксатив. Секојдневната употреба на смоквите го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.