Овие 5 модерни модели на џемпери ќе ги засакате уште пред да дојде есен!

Во тренд!

Една од инспирациите е принц Чарлс!

Нема подобар предвесник на есента од нов џемпер во плакарот. Освен што се удобни и топли, тие се совршените модни сојузници. Со нивна помош, со само еден потег ќе можете да ги трансформирате сите тие разиграни здолништа и фуста ни во омилени есенски парчиња и така да го одбегнете (непотребниот) финансиски удар на вашиот буџет.

Па ако на вашата гардероба и’ треба освежување, вреди да вложите во некој од следниве пет модели кои дефинитивно ќе владеат со улиците оваа есен…

Зелените нијанси се неизбежни

https://www.instagram.com/p/B1wkdRZIYyp/?utm_source=ig_embed

Токму зелената боја е најавена како еден од вистинските модни хитови за претстојните денови, па не е ни чудно што токму џемперите во тие нијанси се задолжителни!

Измешајте ги сите бои

https://www.instagram.com/p/B18P62vBDsU/?utm_source=ig_embed

Ако не можете да одлучите со која боја сакате да го разбиете здодевното есенско сивило, наједноставно е да облечете џемпер во што повеќе бои. Невозможно е да останете незабележани во таква модна комбинација!

Плетиво „fair isle“

https://www.instagram.com/p/ByIxuOhFxYc/?utm_source=ig_embed

Станува збор за плетени дезени кои се подеднакво популарни и во машката и во женската мода, а се носат буквално на се’. Од џемпери, па се’ до чорапи. Но тоа, не е ни чудно со оглед на нивната впечатливост. Освен тоа, нивната популарност ја потврдуваат и дизајнери како Коко Шанел, кои овој дезен уште одамна го вовеле во своите колекции.

Предимензионирани ракави

https://www.instagram.com/p/B05g_eMnCmm/?utm_source=ig_embed

Трендот на предимензионираност и понатаму не попушта. Додека чантичките секој ден стануваат се’ помали, ракавите на облеката екстремно растат.

Најдете инспирација во стилот на принц Чарлс

https://www.instagram.com/p/Bnbv2WKlDSz/?utm_source=ig_embed

Не се шегуваме. Токму тој е познат по дезенот „argyle“, кој редовно го носи на своите џемпери. Иако веројатно не сте го сметале принцот Чарлс за модна икона, благодарение на познатите дизајнери, кои ваквото плетиво го прошетале на светските модни писти, и во вашиот плакар би можел да се најде до неодамна омразениот дезен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.