Коронавирус на површини: Колкав е ризикот од заразување?

Совети од експерти

Загриженоста за преживувањето на коронавирусот на тврди површини беше актуелно прашање пред неколку месеци, а видеото во кое лекарот внимателно ја чисти секоја храна, привлече 26 милиони гледачи!

Бидејќи ситуацијата не стана побезбедна, советите да се заштитите сѐ уште се на сила. Знаеме дека вирусот се шири најчесто со капки, и дали тоа значи дека може да се заразите ако допрете кутија житарици што сте ја купиле или пакување кое штотуку дошло по пошта?

Теоретски е можно, но не е веројатно, според д-р Дин Блумберг, педијатар: „Има малку шанси да се исполнат сите услови за една таква површина да биде опасна. Потребно е големо количество вирус на таа површина за да се зарази едно лице, а вирусот треба да преживее на неа долго време. На крајот, треба да ги допрете очите, устата и носот со валкани раце“.

Коронавирус на површини

Науката тврди дека коронавирусот може да остане на цврсти површини до три дена и на картон 24 часа. Една студија спроведена во Кина покажа како вирусот може да патува на обувки. Професорот Емануел Голдман пред списанието „The Lancet Infectious Diseases“ пред неколку месеци напиша дека во студиите се користело многу поголема количина на вирус отколку што може да се најде во реалниот свет.

„Според мое мислење, шансите лицето да се зарази преку цврста површина, на која заразената личност кивнала, се многу мали и е можна само ако лицето веднаш ја допре површината“, додава тој.

Се чини дека треба да биде совршено време за сè да се совпадне. Сепак, студиите покажаа само дека вирусот може да заврши на површината, но не и дека може да се пренесе на луѓето.

Центрите за превенција и контрола на болести на својата веб-страница пред четири месеци објавија дека тоа е сè уште можно, бидејќи се чинеше дека две лица се заразиле токму така. Неодамнешна студија во Кина покажа како може да се пренесе вирусот ако допреме копче во лифт, а анализата спроведена во Африка покажа како контаминираните медицински помагала можат да влијаат на ширењето на вирусот.

Како да се заштитите?

Специјалистката за инфективни болести, Алисија Крај, проучува колку е потребно миење и дезинфекција на предметите за да се намали можноста од инфекција.

Таа верува дека тврдите површини можат да имаат влијание врз ширењето на вирусот, особено во заеднички домаќинства и простори. Советува дека треба редовно да се чистат.

Ако сте од оние кои ќе направат сè што е потребно за да постигнат заштита и постојано да ги мијат сите површини, мора да имате предвид дека тоа не е единствениот начин на заштита.

Ќе ви помогне ако правите други работи, како што е редовно миење на рацете. Оваа акција секако ја подобрува безбедноста.

ФОТО: Getty Images

 

Блумберг тврди дека премногу фокус на една мерка за заштита во никој случај не е доволен и верува дека постојаното чистење ги спречува луѓето да размислуваат за други стапици, како што се дистанцирање или носење маска.

Не треба да се заборави дека средства за чистење не се безопасни и можат да предизвикаат сериозни иритации на кожата, но и да ги влошат симптомите кај астматичарите. Ако користите силни средства, не заборавајте да носите ракавици и да ги покриете носот и устата со маска.

Носењето маска исто така го намалува ризикот од инфекција за 65 проценти, а дистанцирањето е исто така многу добра мерка за заштита.

Миењето на рацете со вода и сапун е нешто што треба да го правите често, особено ако сте биле во продавница или јавен превоз, но исто така и пред секој оброк. Иако не можете да се заразите со храна, има мали шанси тоа да се случи затоа што некој пред вас ја допрел со валкани раце.

Прочитајте и: Пронајден е виновникот за тешките симптоми на коронавирус: Лекови веќе постојат!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.