Пронајден е виновникот за тешките симптоми на коронавирус: Лекови веќе постојат!

Истражувањата на заразените се во тек

Фото: Илустрација

Прочитајте за што станува збор

Се чини дека науката го нашла виновникот за најтешките симптоми на ковид-19, а станува збор за човечкиот петид брадикинин, кој можеби е одговорен за многуте, понекогаш, смртоносни симптоми, кои се забележани кај пациентите заразени со новиот коронавирус.

Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат, а моментално се спроведуваат тестирања на пациенти заболени од ковид-19 со цел да се најде потенцијална терапија против таа болест.

Брадикининот инаку помага за регулација на крвниот притисок, а кај некои луѓе, новиот коронавирус се чини дека го става производството на брадикинин во „петта брзина“.

Тоа може да доведе до еден вид на „бура на брадикинин“ во човечкото тело, која, пак, резултира со низа симптоми кои се чести кај болеста ковид-19.

Ренука Рош од Универзитетот во Мичиген вели дека таквата бура во човечкото тело би можела да објасни зошто толку аспекти на ковид-19 се неповрзани, како на пример болки во мускулите, поблаг облик на болеста кај жените одошто кај мажите, склоноста на Афроамериканците да развијат компликации поради заразата со новиот коронавирус.

Тим на американски научници уште во јули објавил истражување во кое ја проучувале експресијата на гените во примероците од белодробна течност земена од девет пациенти во Кина и ги споредиле со примероците од група луѓе што немале ковид-19.

Во согласност со тоа, кај пациентите на ковид-19 нашле докази за прекумерна експресија на гените одговорни за производство на брадикинин, а кај групата што не била заразена нашле намалена експресија на гените што ги произведуваат ензимите кои го држат брадикининот под контрола.

Брадикининот ги шири крвните садови и ги прави пропустливи, па високата количина на брадикинин може да доведе до протекување од крвните садови, особено во подрачјата на телото што се богати со крвни садови, како што се белите дробови.

Исто така, брадикининот може да ја разгради препреката помеѓу крвта и мозокот, што ја сугерира можната причина за збунувачките невролошки симптоми на болеста ковид-19.

Канадскиот експерт Џо Пенингер смета дека хипотезата со брадикинин има смисла, бидејќи новиот коронавирус ги напаѓа ACE-2 рецепторите во клетките, а тие се задолжени за контролирање на нивоата на брадикинин.

Со оглед на тоа што вирусот ја намалува способноста на тие рецептори, нивото на брадикинин во човечкото тело може да излезе од контрола.

Прашање кое ги мачи научниците: Колку трае имунитетот по заразување со коронавирусот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.